Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
Од една страна, тие позираат вљубено, но додека да се наместат пред камерите, изгледа како дури и да се расправаат.
Актерката го влече Рајан за рака и го мести пред камерите, а потоа како да го турка за да се тргне од кадарот.
На една фотка се гледа и како актерот гневно ѝ кажува нешто, додека таа го влече за рака.
Експерт за говор на телото вели дека од фотките и видеата е очигледно дека Блејк пробува да го контролира Рајан пред камерите.
„Блејк со раката му покажува на Рајан што да прави, додека Рајан се однесува покорно. На видеото (во продолжение) не се гледа дали Блејк му гестикулира и на некој друг со раката или му кажува само на Рајан да се намести за позирање“.
Според експертот, на крај Рајан изгледа како да се преправа дека оди да зборува со фановите за да ја избегне непријатната ситуација.
Во коментари на социјалните мрежи, многумина се согласуваат дека Блејк сака да ја има целата контрола.
„Блејк мисли дека треба да ги контролира сите, да им кажува каде можат да стојат и каде да одат. Ужасна е“.
„Изгледа Рајан и самиот е свесен што му се случува“.
„Рајан изгледа засрамено и треба да биде засрамен“.
Некои модни експерти, пак, сметаат дека Блејк го користи модниот стил како „штит“ во целата ситуација.
Односно, наместо смели комбинации, им дава предност на аутфити кои „зрачат со професионализам“, а разлика во нејзиниот стил за време на премиерата It Ends With Us и сега е многу очигледна.
„Блејк направи забележлива промена од 'нежност' кон 'сила', која делува намерна. Облеката зборува пред ние да кажеме нешто“.
Во целата ситуација, Рајан и Блејк се оддалечија од нивните најблиски пријатели.
Наводно, Тејлор Свифт пробува да ја избегне Блејк бидејќи не сака да биде вовлечена во драмата, а се шпекулира дека актерката го заладила односот и со Џиџи Хадид.
Истовремено, Хју Џекмен, кој му е мошне добар пријател на Рајан, бил советуван да се држи настрана од актерот за да не си ја уништи својата репутација.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





