Конфликти, тужби, шлаканици: На сетот на „Очајни домаќинки“ имало повеќе драма отколку во серијата
- Детали
- сабота, 10 мај 2025
Главните актерки ја мразеле Тери Хачер, додека Николет Шеридан го тужеше креаторот бидејќи го уби нејзиниот лик, но и бидејќи бил агресивен, а во една пригода ѝ удрил шлаканица. Што сè се случувало на снимањето на популарната американска сапуница?
„Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives) е една од најпопуларните американски сапуници, а беше огромен хит и кај нас.
Семејните драми на Сузан, Габриел, Бри и Линет, придружени со морничави мистерии, нè „навлекоа“ на серијата и едвај ја чекавме новата епизода.
Но, на сетот изгледа имало повеќе драма и отколку во самата серија.
Додека на екранот четирите главни ликови се најдобри пријателки, во реалноста, актерките што ги глумат честопати имале конфликти, а се соочувале и со доста приватни проблеми.
Дел од најголемите скандали со кои се соочија актер(к)ите:
Конфликти со Тери Хачер
Меѓу Тери Хачер која ја глуми Сузан Мејер и останата актерска екипа имало тензија уште кога почнало снимањето.
Ситуацијата ескалирала во последната сезона кога главните актерки им купиле заеднички подарок на сите од екипата.
На картичката за подарокот, актерките му се заблагодаруваат на тимот за „осум волшебни години“, но одлучиле да не ја вклучат Тери.
Тогаш актерките веќе сериозно го заладиле односот со неа, па сметале дека нема потреба да ја вклучат во подарокот.
Низ годините пред завршувањето на серијата, има низа шпекулации за конфликтите со Тери.
Николет Шеридан, која ја глуми Иди, за Тери има изјавено дека е „најзлобната жена во светот“. Всушност, дури и креаторите размислувале да ја избркаат од серијата во петтата сезона.
Во 2005-та, Ева Лонгорија и Марсија Крос (Габи и Бри) се заканувале дека ќе дадат отказ ако на фотките за промоција на серијата Тери стоела во средината. Па, на овие фотографии Тери сепак стои на крајот.
Во интервјуа додека траеше серијата, главните актерки честопати зборуваа за тоа како се дружеле, но ниту една од нив не ја спомнува Тери.
Според еден од сценаристите на серијата, кога имале читање за епизодите пред снимање, сите ја избегнувале Тери.
„Ние, сценаристите, ги гледавме актерите само кога имаше читање. И, додека траеше ова, седевме мирно и пробувавме да не ја погледнеме Тери Хачер во очи“.
По завршувањето на серијата, Тери се огласи за сите шпекулации за нејзиното лошо однесување:
„Целата екипа знае дека за нив би скокнала пред автобус. Благодарна сум за тие осум години и секој од колегите од серијата ќе ви го каже тоа. Па, не е важно што се пишува во медиумите“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





