Девојки полиени со шампањ, недозволени супстанци – Фотографии од забавите на Пи Диди кои досега се откриени на судењето
- Детали
- среда, 21 мај 2025
Наркотици и бебешко масло за сексуални маратони пронајдени во хотелската соба пред да го уапсат, фотографии кои ги покажуваат повредите на Кеси на лицето кои тој ѝ ги нанел, ѕвезди како Леонардо ди Каприо забележани на неговите развратни забави - шокантни фотографии кои се откриени досега на судењето на Пи Диди.
За време на судењето на Шон Комбс Диди, кое започна на 12 мај 2025, а ќе трае 10 недели, се откриваат секакви грозоморни детали за криминалните и развратните дела кои тој ги извршувал околу 20 години.
Фокус на судењето се озлогласените забави на раперот познати како Freak Offs, каде тој присилувал жени на секс, ги понижувал, а честопати и ги снимал, најмногу за да ги чува видеата за уценување, но тој ќе одговара за неколку обвиненија меѓу кои трговија со луѓе, принудување на секс, рекет и перење пари.
Прочитајте повеќе: Ги дрогирал жените, ги принудувал на проституција и ги снимал: Започна судењето на Пи Диди, ќерките ја напуштија судницата
Од изјави на сведоци, како неговата поранешна девојка Кеси, која откри какви ужасни работи трпела заради неговите закани, до други сведоштва од луѓе кои присуствувале на неговите забави или биле во негово опкружување - на судењето се изнесуваат секакви детали.
Прочитајте повеќе: „Ме дрогираше и со денови ме тераше да спијам со други мажи за да ме снима“: Бившата на Диди со потресно сведоштво на суд
Обвинителството досега има презентирано голем број фотографии кои ги користат како докази против него, а во понеделникот, според DailyMail, ги објавиле можеби најшокантните визуелни прикази досега.
На ова рочиште, фокусот бил на апсењето на Диди во хотелска соба во Њујорк во септември 2024, каде престојувал околу една недела, чекајќи го денот кога ќе го приведат.
Сепак, изгледа тој сакал во негов стил да се опушти уште еднаш со Freak Off забава, пред да оди зад решетки, па во собата биле најдени бебешко масло и наркотици, веројатно за неговите познати сексуални маратони.
Откриени се и фотографии на кои се гледаат повредите на Кеси од неговото насилно однесување во турбулентната врска која ја имале, како и интимни моменти, но и фотки кои покажуваат кој сè присуствувал на развратните забави.
Во продолжение дел од фотографиите:
Апсењето на Диди во хотелска соба
На фотографиите направени во собата во која тој бил уапсен, се гледаат ќесички полни со бебешко масло, производ кој сега е блиско поврзан со неговиот случај за секс трговија.
Освен тоа, пронајдени се таблети во шишенца, кои се препишани на „Frank Black“, веројатно псевдоним на Диди, а покрај нив, имало и купчиња со пари.
Патувањето кое променило сè
За време на сведочењето на суд, Кеси откри дека кога првпат се сретнала со Комбс пред 20-тина години, нивниот однос бил платонско менторство, а тој требало да помогне во нејзината кариера.
Но, брзо работите се смениле, откако наполнила 21 година и имале сексуален однос за првпат на патување во Мајами, каде биле на брод, пиеле цел ден, а тој ѝ дал екстаза во форма на делфин.
Зад сцените на Freak Off забавите
Кеси сведочела и за интимни детали од забавите, а обвинителството покажало фотографии од зад сцените за време на подготвувањето на овие настани.
На една фотографија, Кеси носи високи штикли на врзување до бутовите, а открива дека требала да носи често вакви аутфити и перики за време на сексуалните перформанси.
Имало и „црвена соба“, во која светело амбиентално црвено светло, за што бил задолжен Диди кој сакал да направи атмосфера за неколкучасовните сесии.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





