Го скара Бруклин со Бекамови, турнала дадилка по скали: „Никола Пелц отсекогаш била разгалена богаташка“

Според некои извори, Никола Пелц била злобна уште во тинејџерските години и постојано се заканувала на послугата во нејзиниот дом дека ќе ги отпушти. Во една пригода турнала и дадилка по скалите. Нејзина колешка, пак, ја опишува како „многу злобна девојка“ што ја избегнува по секоја цена.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skali-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka001.jpg

По сè изгледа дека Бруклин Бекам веќе нема никаков контакт со родителите, а како што тврдат извори блиски до Бекамови, главниот виновник е Никола Пелц.

Изминативе неколку месеци, Бруклин и сопругата Никола не присуствувале на ниту еден семеен настан на Бекамови, вклучувајќи ги и прославите за 50-тиот роденден на Дејвид.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-09.JPG

Бруклин со сопругата живее во Лос Анџелес, додека неговите родители се во Лондон. Неделава, младиот пар бил во Лондон за фотосесија, но изворите откриваат дека Бруклин не им се јавил на родителите.

Тој не ни им кажал дека доаѓа во Лондон и Дејвид и Викторија дознале за патувањето откако Никола споделила фотка на Инстаграм.

„Бруклин не се потруди ни да им каже на родителите дека е во Лондон. Разочарани се. Беа изненадени кога Никола стави фотографии на Инстаграм.

Бруклин постојано е во Америка, но сега кога дојде во Лондон, само работеше и си замина. Сигурно им е тешко на родителите, особено Дејвид.

Тој имаше средба со кралот Чарлс, но ова му го расипа целиот ден“, вели извор близок до познатото семејство.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-03.JPG

Средбата на Дејвид и кралот Чарлс била на „пет минути со автомобил“ од местото каде што Бруклин правел фотосесија.

„Бруклин има потпишано договор за кампања со брендот Moncler и беше во Лондон на снимање. Го фотографираа на улица и на луѓето кои минуваа не им се веруваше дека го гледаат Бруклин. Среќен е што работи со Никола на оваа кампања.

Но, треба да се нагласи колку блиску беше до Дејвид и што кажува тоа за нивниот однос. Фотосесијата на Бруклин беше на пет минути со автомобил од настанот на Дејвид“, додава друг извор.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-06.JPG

Конфликтот меѓу Никола и семејството на нејзиниот сопруг почна уште од нивната свадба во 2022-ра, но набрзо потоа го поправија односот.

Сега извори блиски до Бекамови тврдат дека Никола го контролира Бруклин и таа е причината зошто се оддалечил од семејството.

Некои дури ја споредуваат и со Меган Маркл која го оддалечи Хари од кралското семејство.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-07.JPG

Вчера (20.05) магазинот Time објави интервју со Дејвид, каде поранешниот фудбалер зборува за неговата кариера и додава дека „нешто недостасува“.

Иако изјавата е во контекст на тренинзите, дел од јавноста смета дека малку се однесува и на Бруклин.

„Ми недостасува да играм секој викенд… Секој ден се будам и се чувствувам како нешто да ми недостасува“.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-08.JPG

Во меѓувреме, се споделува изјава на актерката Бела Торн за која многумина се убедени дека се однесува на Никола Пелц.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg