Најубавите и највљубените парови на amfAR гала 2025 во Кан - се бакнуваат и разменуваат нежности
- Детали
- петок, 23 мај 2025
Заводникот Ед Вествик (Чак Бас) нежно ја бакнува сопругата која неодамна се породи, Хајди Клум и Том Каулиц страсно разменуваат бакнежи, а разголената Лорен Санчез вљубено го бакна Џеф Безос кој остана воздржан - погледнете ги највпечатливите парови на amfAR галата за време на Кански фестивал 2025.
Центарот на случувањата од светот на филмската индустрија, но и шоубизнисот и модата, моментално се одвива во Кан.
Освен Филмскиот фестивал и изданијата на црвениот тепих на настанот, во четвртокот во Hotel du Cap-Eden-Roc се одржа и годишната amfAR гала.
Оваа гала се одржува секоја година, во организација на Фондацијата за истражување на СИДА и ХИВ, а се собираат најпознатите имиња од забавната индустрија, но и многу бизнис личности.
Очекувано, црвениот тепих се претвора во модна писта, каде ѕвездите се појавуваат во своите најдобри гламурозни изданија, а паровите ја покажуваат својата љубов пред фотографите.
Оваа година посебен впечаток оставија Ед Вествик и Ејми Џексон, кои неодамна добија синче, Џеф Безос со саканата Лорен Санчез која не поминува незабележано, но и неколку други парови кои не се срамеа да покажат како разменуваат нежности.
Погледнете ги највпечатливите парови на amfAR галата 2025:
Хајди Клум и Том Каулиц
Едриен Броди и Џорџина Чепмен
Ед Вествик и Ејми Џексон
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





