Деми Ловато се омажи, по една пропадната свршувачка и неуспешен обид да го промени родот
- Детали
- понеделник, 26 мај 2025
По една неуспешна (и избрзана свршувачка), низа проблеми со менталното здравје, како и неуспешен обид да го смени родот во „небинарен“, Деми Ловато најде љубов – викендов се венча со партнерот Џордан.
Во неделата (25.05) Деми Ловато и партнерот Џордан Лутес се венчаа и прославија со интимна церемонија во Калифорнија.
32-годишната пејачка носеше Vivienne Westwood венчаница, додека нејзиниот 34-годишен сопруг носеше едноставен црн костум.
Според папарацо фотките, на венчавката присуствувале мал број луѓе, односно само најблиските пријатели и членови на семејството на парот, како и нивните три кучиња.
Засега Деми нема споделено фотки од свадбата, но според извори на Daily Mail, по церемонијата на отворено, парот и гостите се упатиле кон мал ресторан.
Деми и Џордан не сакале голема прослава, па вечерата завршила рано.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





