Деми Ловато се омажи, по една пропадната свршувачка и неуспешен обид да го промени родот
Претходно, Деми беше свршена со американскиот актер и пејач Макс Ерик кој ја побара за жена по само четири месеци врска.
Но, по едвај два месеца, тие раскинаа, а Деми откри дека сфатила дека тој не бил вистинскиот.
„Самата се излажав бидејќи се чувствував безбедно и очекував да ме запроси. Очигледно, тој ми значеше, но нешто во мене ми велеше дека треба да ѝ покажам на јавноста дека сум во ред.
Не ми требаше прстен на раката за да сфатам дека сум во добра психичка состојба. Свршувачката изгледа како стабилност, но не значи дека ќе ви го даде тоа“.
Деми и претходниот свршеник се запознаа за време на пандемијата, во период кога низ светот имаше карантин, па речиси веднаш почнале да минуваат многу време заедно.
Откако раскинаа, Деми Ловато соопшти дека го променува родот, односно се прогласи за таканаречен небинарен род и сакаше да ѝ се обраќаат со „тие“ наместо со „таа“.
Сепак, набрзо потоа се премисли.
„Постојано требаше да ги едуцирам луѓето и да им објаснувам зошто се гледам себеси како небинарен род. Беше заморно.
Но, поради ова сметам и дека треба да продолжиме да зборуваме за оваа тема“, изјави пејачката.
Низ годините, Деми имаше и сериозни проблеми со менталното здравје, придружени со зависност од дрога и нарушување во исхраната.
Изминативе неколку години отворено зборува за нејзината битка со цел да ја зголеми свесноста за овој проблем, а вели дека сега се чувствува многу подобро.
Погледнете и: Им пее на вонземјани, тврди дека ги навредуваме и се дружи со Парис Хилтон – фановите загрижени за Деми Ловато (фото+видео)
Што се однесува до новиот сопруг, вели дека целиот живот чекала некој како него.
„Убаво е да имате партнер кој ве поддржува, ве сака и се грижи за вас. Со него ми е лесно да останам приземјена бидејќи многу го сакам, а тој ме третира прекрасно“.
Деми и Џордан се запознаа во 2022 година, додека работеа на албум на пејачката. Почнаа врска и по две години, Џордан ја побара за жена.
Прочитајте и: Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





