Срам, зависност од пластични операции, банкрот: „Пропаста“ на познатите модели од машките списанија од 2000-тите
Аби Титмас
Аби Титмас се прослави со секс снимка, па почна да добива многу ангажмани за фотосесии во машки списанија.
Но, иако заработувала многу, има изјавено дека се срамела до својата професија.
„Колку повеќе заработував, толку полошо се чувствував. Заработував и до 30.000 евра за фотосесија, но знаев дека сум далеку од девојка со класа. Знаев дека немам никаков талент.
Мислев дека можам да се справам со сето тоа, но не можев. Учев латински на училиште, доаѓам од добро семејство, но личноста што ја претставував во јавност беше како некоја карикатура од мене“.
Иако уште беше популарна, Аби одлучи да стави крај на кариерата како модел и се повлече од јавност, а од 2017 година е во брак и има едно дете.
Кети Прајс
Во 1990-тите и раните 2000-ти, Кети Прајс беше меѓу најпопуларните модели, а тогаш наместо своето име, го користеше псевдонимот Џордан.
Кети е присутна во медиумите и денес, но привлекува внимание со пластичните операции и загрижувачкото однесување.
Досега, Кети има направено 20 операции на градите и цел куп други корекции, па веќе не личи на себе.
Има пет деца и бурен љубовен живот, а двапати прогласи банкрот. Наводно, не плаќала и даноци, па имаше и правни проблеми.
Иако вели дека финансиската состојба ѝ се подобрила, нејзините фанови се сериозно загрижени за здравјето на моделот.
Спирова С. | Црнобело