Срам, зависност од пластични операции, банкрот: „Пропаста“ на познатите модели од машките списанија од 2000-тите

Во раните 2000-ти, Кети Прајс беше меѓу најпознатите модели, но денес, иако е популарна, сериозно загрижува со својот изглед и зависноста од пластични операции. Кои други нејзини колешки ги следеше лоша среќа, и покрај огромната популарност како модели, особено во машките списанија од раните 2000-ти?

sram-zavisnost-od-plastichni-operacii-bankrot-propasta-na-poznatite-modeli-od-mashkite-spisanija-od-2000-tite-01.jpg

Покрај супермоделите, во раните 2000-ти доста популарни беа и таканаречените „гламур модели“.

За разлика од супермоделите, гламур моделите главно беа девојки со облини, најчесто се појавуваа во таблоиди, а снимаа рекламни кампањи за брендови за долна облека, костими за капење и слично.

Беа препознатливи и по тоа што неретко позираа во провокативни и разголени изданија, обично во списанија за мажи.

Меѓу најпознатите модели од овој период се секако Кети Прајс и Кели Брук, но има низа други, од кои повеќето како да ги следела лоша среќа по големата слава.

Како „пропаднаа“ некои од најпознатите модели од раните 2000-ти?

Кили Хејзел

Кили се прослави во САД на само 17 години, откако победи на натпревар за убавина. Речиси веднаш почна да добива ангажмани и заработувала и до 30.000 евра за една фотосесија.

Но, како што се намалувала популарноста на машките списанија, Кили добивала сè помалку понуди и заработувала едвај 1.000 евра за фотосесија.

„Порано заработував многу. Тогаш не ни обрнував внимание на тоа, но сега кога ќе се сетам… навистина беше лудо“, има изјавено 38-годишниот модел.

sram-zavisnost-od-plastichni-operacii-bankrot-propasta-na-poznatite-modeli-od-mashkite-spisanija-od-2000-tite-02.JPG

Кили сфатила дека е време да ја промени кариерата, па отишла на часови по глума и иако добива улоги, не се истакна многу.

Денес е активна на Инстаграм каде што има околу 240.000 следбеници и честопати се шегува за нејзината поранешна кариера, особено за големите фотосесии.

Впрочем, годинава ќе издаде автобиографска книга насловена „Сите ги имаат видено моите гради“.

sram-zavisnost-od-plastichni-operacii-bankrot-propasta-na-poznatite-modeli-od-mashkite-spisanija-od-2000-tite-3.JPG

Гејл Портер

Гејл, која потекнува од Шкотска, ја почна кариерата во доцните 1990-ти, појавувајќи се машки списанија.

Брзо стекна популарност кај мажите, па во 1999-та беше прогласена за една од 100-те најсекси жени од страна на машкиот лајфстајл магазин FHM.

Во 2001 година се венча и доби ќерка, но по породувањето почна да страда од постпородилна депресија. Се разведе во 2005-та, а истата година доби алопеција и ја изгуби целата коса.

sram-zavisnost-od-plastichni-operacii-bankrot-propasta-na-poznatite-modeli-od-mashkite-spisanija-od-2000-tite-4.JPG

Но, најмрачниот период од животот на Гејл почнал во 2017-та, кога на 54-годишна возраст изгубила сè и станала бездомничка.

Гејл цела година поминала на улица откако банкротирала бидејќи поради алопецијата не можела да најде работа.

„Тоа беа најстрашните ноќи во мојот живот. Беше многу ладно и не знаев што ме чека следно.

Тоа што ја изгубил косата имаше големо влијание. Јас се помирив, но престанав да добивам ангажмани. Па, заштедата почна да ми се троши“.

За среќа, Гејл успеала да се врати на нозе, а во 2024-та откри и дека првпат успеал да си купи перика која сега со гордост ја носи.

sram-zavisnost-od-plastichni-operacii-bankrot-propasta-na-poznatite-modeli-od-mashkite-spisanija-od-2000-tite-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава