Бекам испрати скриена порака до Бруклин, сопругата на Коби Брајант се сеќава на него – Како се одбележа Денот на татковците кај познатите?
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2025
Сопругата на Брус Вилис напиша емотивна објава со болка и тага што веќе не е ништо исто како порано, а Дејвид Бекам објави фотки со сите свои деца, меѓу кои и Бруклин, и им упати порака дека секогаш ќе биде тука за нив, без разлика на околностите, откако првородениот син им кажал дека не сака да контактира со нив. Како славните го одбележаа Денот на татковците?

Денот на татковците, глобално во многу земји се одбележува третата недела од јуни, па оваа година овој ден се празнуваше на 15-ти јуни.
Голем број познати татковци на социјалните мрежи си објавија фотографии со децата и со порака за татковството.
Но, и дел од нивните сопруги објавија фотки и упатија пораки на благодарност кон нив, со кои им го честитаа денот.
Во продолжение издвојуваме неколку славни личности кои го одбележаа овој ден:
Сопругата на Брус Вилис му оддаде чест со емотивна порака
„Среќен Ден на таткото на сите татковци кои живеат со попреченост или болест кои се присутни на свој начин, како и на нивните деца кои се тука за нив.
Она на што Брус ги учи нашите девојчиња не се опишува со зборови. Упорност, безусловна љубов и тивката сила се постојано присутни. Оваа фотографија кажува многу.
Љубовта се продлабочува. Се адаптира. Останува, дури и кога сè останато ќе се смени. Но да бидам искрена, oвие симболични денови допираат. Тажна сум денес.
Посакувам, со секоја клетка во телото, работите да беа поинакви за него и полесни за нашето семејство. Но, тоа е што е. Ова ме спушта на земја.
Ми помага да ги прифатам работите како што се и да не се борам на секој чекор како што правев. Денес ги славиме јаките татковци, тие кои се тука и оние кои ги носиме со нас“.
Џастин Тимберлејк објави фотка со синовите
„Нема поголема награда или одговорност која сум ја почувствувал во животот, од онаа да сум татко. Да учам некого и да учам јас во исто време... Благословен сум. Среќен Ден на татковците!“
Дејвид Бекам објави фотки со сите деца, но и со татко му и од бремената Викторија, па упати порака до сите свои деца, меѓу кои и Бруклин, иако тој не сака да контактира со нив
„Мојата најважна и омилена работа во животот ми е тоа што сум татко...
Горд сум на сите вас и како што татичко (извинете момци) ви кажува секој ден, секогаш ќе бидам тука за вас, без оглед на сè.
Мама ти благодарам што ја имаш најважната улога и што ме направи татко, нема поголем подарок во животот од овој. Среќен Ден на татковците...
Ве сакам деца, повеќе отколку што можете да замислите“.




Лили Колинс (од „Emily in Paris“) му го честиташе првиот ден на татковците на сопругот
„Среќен прв Ден на татковците Чарли. Нашата ќерка е најсреќното девојче на светот што е твое. Прекрасно е тоа што те гледам со неа.
Роден си за да бидеш татко и секој ден ме восхитуваш со безбројните начини на кои ја штитиш и негуваш, ја засмејуваш и ја опсипуваш со љубов.
Ти благодарам што се грижиш најдобро за неа. Што би правеле ние без тебе? Те сакаме многу!“
Ванеса Брајант објави семејна фотка во сеќавање на загинатиот сопруг (и нивната ќерка)
„Среќен Ден на татковците Коби Брајант. Ни недостасуваш многу. Те сакаме многу, татко на девојчиња“.

На профилот на принцот Вилијам и Кејт, објавија пред и потоа фотка од принцот со децата и порака од нив
„Среќен Ден на татковците, тато! Те сакаме!“

М. М. | Црнобело
