Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме
- Детали
- понеделник, 23 јуни 2025
Бил Клинтон имаше две афери (кои ѝ се познати на јавноста), а со Хилари беа критикувани откако по напуштањето на Белата куќа, со себе си зедоа мебел и уметнички дела во вредност од 100.000 долари. И нивната ќерка честопати е критикувана…

Бил и Хилари Клинтон се еден од најмоќните политички парови.
Бил двапати беше претседател на САД, додека Хилари се кандидира еднаш, а во меѓувреме беше доста активна во политиката.
Но, семејството Клинтон е познато и по низата скандали, вклучувајќи и многу кои немаат врска со политика.
Дел од најпознатите во продолжение:
Аферата на Бил Клинтон и Моника Левински
Еден од најпознатите секс скандали не само во САД, туку и во светот, е аферата на Бил Клинтон и Моника Левински.
Во 1995-та, кога Бил Клинтон беше претседател на САД, Моника беше практикант во Белата куќа и тогаш ја почнале аферата. Поранешниот претседател имаше 29 години, а Моника 22.
Јавноста дозна за аферата благодарение на Линда Трип, колешка и поранешна пријателка на Моника.
Моника самата ѝ се доверила на Линда дека има афера со претседателот, а таа, пак, почнала да ги снима нивните телефонски разговори.
Линда му ги дала снимките на независен специјален обвинител кој истражувал друг случај во врска со Бил Клинтон, а во 1998 година, вестите за аферата беа објавени и на интернет.
Новостите за аферата станаа хит преку ноќ и иако претседателот првично негираше, на крај мораше да признае дека сепак имал врска со Моника.
Иако тој остана со сопругата Хилари, таа откри дека била јавно понижена од аферата на Бил.
Уште една афера на Бил
Пред Моника Левински, Бил Клинтон имал и друга афера, со Џенифер Флауерс.
Во 1992 година, додека траеше предизборната кампања на Бил, Џенифер изјави дека имала афера со него која траела дури 12 години.
Таа откри и дека Бил ѝ помогнал да најде работа во Апелационата комисија на Арканзас, но од каде што подоцна доби отказ.
Оваа афера не беше толкав скандал бидејќи Бил уште не беше избран за претседател, но тој сепак првично ја негираше.
Но, по интервјуто во кое ја обвини Џенифер дека лаже, таа одржа прес-конференција на која пушти снимки од нивни телефонски разговори.
Дури во 1998 година Бил призна дека спиел со Џенифер. Подоцна, во неговата автобиографија, тој кажа дека спиеле заедно само еднаш, и дека ова се случило во 1977-ма, околу две години по венчавката со Хилари.