Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме
Бројните самоубиства околу Бил и Хилари Клинтон
Постои навистина бизарна теорија на заговор поврзана со Бил и Хилари Клинтон која зеде замав откако многу луѓе од нивното опкружување умреле, од кои повеќето од самоубиство.
Иако нема цврсти докази што ја потврдуваат теоријата, сепак е забавна колку што е и бизарна.
Според оние кои веруваат во теоријата, Бил и Хилари Клинтон ги убивале нивните политички противници и правеле смртта да изгледа како самоубиство. И, на овој начин се ослободиле од над 50 луѓе.
Теоријата на заговор повторно се прослави по смртта на Џефри Епстин – многумина беа сигурни дека и тој бил убиен од Бил и Хилари Клинтон бидејќи биле вплеткани во неговиот педофилски круг.
Сепак, и жената која прва ја претстави теоријата кажа дека нема никакви цврсти докази, а истрагите за смртта на потенцијалните жртви не нашла никакви знаци за убиство.
Што значи, теоријата најверојатно е лажна и сè помалку луѓе веруваат во неа.
Контроверзната фондација на парот
Во 2001 година, откако му заврши претседателскиот мандат, Бил, заедно со сопругата и ќерка му, ја основа фондацијата Bill, Hillary and Chelsea Clinton Foundation.
Фондацијата веднаш постигна огромен успех и до 2015 година, преку неа се собраа над 2 милијарди долари во донации за добротворни цели.
Фондацијата добивала донации од Wall Street, но и од моќни бизнисмени од странство. А, поради донациите од странство, јавноста почна да се сомнева дека Бил и Хилари ја користат фондацијата за да се збогатат.
Имено, многу од странските донатори биле поврзани со странски влади, а некои биле поврзани и со Владимир Путин. Во 2018 година, фондацијата беше под истрага, но Бил и Хилари никогаш не беа осудени за нешто незаконско.
„Украдениот“ мебел од Белата куќа
Ова е еден од посмешните скандали поврзани со Бил и Хилари Клинтон.
По скоро цела деценија во Белата куќа, во 2001 година, Бил и Хилари ја напуштија, а со себе си понеле и предмети во вредност од 190.000 долари.
Од Белата куќа тие зеле бројни подароци, како мебел и уметнички дела, кои биле како донации од славни и моќни личности. Но, овие подароци не биле за нив лично, туку за Белата куќа, па Бил и Хилари се соочија со притисок да ги вратат.
Најпрво парот изјави дека ќе платат околу 90.000 долари за она што го зеле, но по дополнителен притисок, тие вратија скоро се.
Конекцијата на Бил Клинтон со Џефри Епстин
Веќе спомнавме дека дел од јавноста верува дека Бил Клинтон некако бил вплеткан во криминалните дела на Џефри Епстин.
Не е познато кога се запознале Били Џефри, но во периодот 2002-2003 година биле на неколку заеднички патувања со приватниот авион на Епстин. Истовремено, честопати си оделе и на гости.
Иако Бил уште на почетокот негираше дека има каква било поврзаност со криминалното однесување на Џефри, се јавија извори кои тврдеа дека и поранешниот претседател го посетувал педофилскиот остров на милијардерот.
Иако Бил никогаш не беше обвинет за нешто, сведоштвата сепак се морничави.
Новинарската професија на ќерка им
Били Хилари имаат само едно дете – ќерката Челси која честопати е критикувана во јавност поради разгаленото однесување.
Но, можеби најмногу беше критикувана за нејзината новинарска кариера. Во 2011 година, Челси беше најмена од NBC, како „специјален дописник“ за што добивала надомест од 600.000 долари годишно.
Но, дотогаш Челси немала никакво искуство во медиуми, а покрај недостатокот од искуство, беше критикувана и за тоа како зборува пред камера.
Бројни американски новинари почнаа да ја критикуваат телевизијата за непотизам, па по неколку години, тие ѝ дадоа отказ.
Спирова С. | Црнобело