Ја претепа Ријана, 2 пати го избркаа од рехабилитација, го уапсија среде турнеја: Многуте скандали на Крис Браун
Двапати го избркаа од рехабилитација
Крис Браун самиот отиде на рехабилитација за, како што изјави, да сфати зошто се однесува насилно. Но, бидејќи и таму бил насилен, го избркаа.
Наводно тогаш бил дијагностициран со биполарно нарушување, па му било овозможено повторно да оди во центар за рехабилитација. Но, прекршил многу правила, за повторно да биде избркан.
Низа инциденти со тепачки
Во 2015 година Крис Браун нападнал маж во Лас Вегас кој го тужеше, но потоа ја повлече тужбата.
Пoтоа нападнал жена и ѝ го украл телефонот кога таa пробала да се фотографира со него. Но, наводно и жената се однесувала насилно, па тој нe доби никаква казна.
Во периодот 2015-2016 имаше уште неколку инциденти со фанови, за кои Крис не договараше кривично.
Потоа и неговиот менаџер го тужеше за физички напад поради кој завршил и во болница. Тие направија приватна погодба во 2019 година и не е познато што се договориле.
Беше вмешан во случаи на сексуално насилство
Во 2017 година се дозна дека Крис Браун имал проблеми со зависност од кокаин, антидепресиви, екстази и низа други лекови и дроги.
Истата година, организирал забава со многу дрога каде што една жена наводно била силувана од Крис и негов пријател. Полицијата не можела да најде доволно докази и пејачот и жената направија приватна спогодба.
Во 2019 година, Крис беше уапсен за уште еден сличен инцидент – жена тврдеше дека тој, неговиот телохранител и уште еден маж ја силувале во хотелска соба.
Сепак, подоцна истрага беше прекината, веројатно поради недостаток од докази.
И годинава беше уапсен
Изминативе неколку години Крис Браун беше апсен и тужен безброј пати, а се најде зад решетки и годинава.
Како дел од неговата турнеја, Крис Браун настапуваше и во Англија. Во мај, тој беше уапсен во ноќен клуб, бидејќи наводно нападнал музички продуцент со шише текила.
Пејачот беше во притвор неколку дена и прво не му дозволија да плати кауција, но на крај сепак го ослободија, откако плати пет милиони евра. И, си продолжи со турнејата.
Сепак, летово ќе треба да се соочи со неговата последна жртва на суд.
Спирова С. | Црнобело