Од затвор до насловни страници и светски џет-сет: Што прави денес најзгодниот затвореник на светот?
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
Кога во 2014 година беше објавена неговата затворска фотографија, со продорен поглед и сини очи, Џереми Микс го доби епитетот „најзгодниот затвореник на светот“. Што прави денес поранешниот затвореник?

Поминаа 11 години откако затворската фотографија на Џереми Микс (41) стана вирална.
Скоро и да не постои човек во светот кој не ја виде фотката на затвореникот со светло сини очи, поглед кој маѓепсува и истетовирана солза на лицето.

Џереми во тоа време имаше 30 години и на фотографијата изгледаше како најпосакуваниот светски фотомодел, а не маж кого штотуку го уапсиле за кражба и поседување оружје.
Џереми бил осуден на 27 месеци затвор, а поради виралната фотка, почнал да добива писма во затворот, некои од нив со љубовни изјави, други со пари кои му ги праќале „фановите“.

Целата популарност на фотографијата му помогна веднаш по излегувањето од затвор да ги добие првите модни ангажмани.
Оттогаш до денес, Џереми се најде на 9 насловни страници на познати светски магазини.

Тој неодамна објави фотографии од насловните на Инстаграм.
„Никогаш не мислев дека откако ќе ме затворат ќе се најдам на насловните страници на списанијата.
Благодарен сум за ова патување, но знам дека ме чекаат уште многу други работи во животот“ - напиша тој.

Во коментарите имаше такви кои му порачаа дека магазинот GQ би требал да го избере за свој „маж на годината“.
Освен што и понатаму работи како модел, Џереми води прилично активен социјален живот.