Од затвор до насловни страници и светски џет-сет: Што прави денес најзгодниот затвореник на светот?
Тој често присуствува на големи забави, на кои е и „кремот“ на американскиот јавен живот и светскиот џет-сет.
Но, го канат и на настани низ целиот свет, а на кои го третираат како селебрити.
Ни Џереми не остана имун на шармот на Холивуд, па сними неколку нискобуџетни филмови.
Тие, сепак не му ја отворија ширум вратата во филмската индустрија.
Тој е и татко на две деца, Џереми Џуниор кој го доби со првата сопруга Мелиса, и Џејден, кој се роди од врската со Клои Грин, ќерката на основачот на ТопШоп.

За двете жени вели дека му се многу блиски и дека иако не е во врска со ниедна од нив, им помага во грижата за децата.
Тој во една прилика изјави и дека ги прифатил децата од првиот брак на првата сопруга како свои и се грижи и за нив.
Па така, кога едниот од нив матурираше лани, Џереми беше на церемонијата и сподели видео на кое напиша дека е многу горд на својот посинок.
Прочитајте и Татко му бил во затвор за убиство, мајка му била зависна од хероин – Тешкото детство на „најзгодниот затвореник во светот“
А. Ј. | Црнобело