Славни личности кои преживеале страшни авионски несреќи – Тревис Баркер помина 3 месеци во болница
Патрик Свејзи
Како Харисон Форд, и Патрик Свејзи е лиценциран пилот, а имал несреќа додека самиот управувал со авионот.
Во 2000 година, поради проблеми со авионот, тој бил принуден да слета. И, слетувањето било страшно – тој не можел да го запре авионот и удрил во сообраќаен знак и улична светилка, пред леталото да запре.
За среќа, речиси и да не бил поведен.
Тревис Баркер
Со години, сопругот на Кортни Кардашијан имаше фобија од летање поради авионската несреќа што ја преживеа.
Во 2008 година, авионот во којшто бил тапанарот го зафатил пожар.
Имено, за време на полетувањето, пукнала една од гумите и пилотот забележал искри. Тој го прекинал полетувањето, но тогаш настанал пожар.
Тревис и уште една личност биле единствените преживеани, а тапанарот помина и три месеци во болница поради изгорениците. Оттогаш, па сè до 2021 година, тој воопшто се немаше качено во авион.
Сандра Булок
Во 2000 година, околу Божиќ, Сандра Булок и нејзиниот тогашен дечко Боб Шнајдер требало да летаат од Вајоминг до домот на актерката.
Но, поради лошите временски услови, авионот се излизгал од пистата и удрил во градба во близина.
Авионот бил сериозно оштетен на предниот дел и на двете крила, но Сандра, дечко ѝ и екипажот, за некое чудо, поминале без ниту една повреда.
Пост Малоун
Во 2018 година, Пост Малоун и уште 15 патници биле во авион кој морал да слета принудно во близина на Њујорк.
Наводно, авионот имал претовар, а кратко по полетувањето, пилотите забележале дека една врата не е добро отворена и се вратиле назад.
Но, поради претоварот, кога повторно сакале да полетаат, експлодирале гумите. Направиле уште едно слетување и за среќа сите поминале без повреди.
Спирова С. | Црнобело