Славни личности кои преживеале страшни авионски несреќи – Тревис Баркер помина 3 месеци во болница
- Детали
- недела, 03 август 2025
Тревис Баркер имаше фобија од авиони по несреќата во која преживеаја само тој и уште еден патник, додека Харисон Форд се здоби со сериозни повреди откако му се сруши авионот што го управуваше самиот.

Авионот е едно од најбезбедните транспортни средства, но факт е дека се случуваат и несреќи.
А, некогаш вакви несреќи им се склучуваат и на слави личности.
Неколку ѕвезди кои преживеале авионска несреќа:
Харисон Форд
Харисон Форд е лиценциран пилот, а пасија му се винтиџ авионите. Но, со токму ваков авион, речиси го загуби животот.
Во 2015 година, моторот на авионот со којшто управувал актерот откажал, па се срушил во терен за голф. Актерот веднаш бил пренесен во болница со повреди на телото и главата, но сепак преживеа.
Според очевидците, иако знаел дека авионот ќе се сруши, ѕвездата од Indiana Jones во последен момент го пренасочил авионот кон празниот терен и со тоа спасил неколку човечки животи.
Боно Вокс
Во 2014 година, фронтменот на U2 „за влакно“ избегнал авионска несреќа.
Пејачот летал од Даблин до Берлин со својот приватен авион, во друштво на четворица пријатели. Но, околу еден час по полетувањето, вратата на авионот се откорнала.
Авионот слетал безбедно, а пилотите, пак, сфатиле дека вратата е откорната дури кога пристигале во Берлин.
Што значи, целиот пат, Боно и пријателите го поминале стравувајќи за своите животи.
Барак Обама
Во 2008 година, за време на неговата претседателка кампања, Барак Обама доживеа несреќа на аеродром во Чикаго.
Авионот во којшто бил поранешниот претседател се судрил со друг, но пред да полета, па била избегната трагедија.