Орландо Блум во блиска средба со Ким во Венеција, по раскинувањето со Кети Пери – лани беше уловен како ја мерка (фото)
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Откако лани беше уловен како ја мерка во задникот додека свршеницата стои до него, сега Орландо и Ким имаа блиска средба и нежно се прегрнаа и бакнаа во воздух за поздрав, по вестите дека актерот ќе дебитира како сингл маж на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез.

Во последниот период се ширеа многу шпекулации за раскинувањето на свршувачката на Орландо Блум и Кети Пери, а гласините сега се уште повеќе поттикнати.

Прочитајте повеќе: Кети Пери и Орландо Блум пред раскинување: „Свршени се 6 години, а никако да се венчаат, готово е“
Иако од двајцата нема официјална потврда, по повод свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, извори блиски до TMZ тврдат дека Орландо пристигнал во Венеција сингл и подготвен за луда забава.

Тие се свршија во 2019-та, и иако никогаш не направија свадба заради одложувањата во времето на пандемијата со корона вирусот, во 2020-та го добија нивното дете, Дејзи.

Очигледно двајцата продолжиле по својот пат, по речиси 10 години поминати заедно, но ќе видиме дали навистина ќе дебитира како слободен маж на церемонијата.
Сега во Венеција се собрани некои од најпознатите личности по повод свадбата на векот, а вчера, актерот имаше блиска средба со Ким Кардашијан.

Тие беа забележани како се прегрнуваат и бакнуваат додека се поздравуваат и се држат за рака, a aктерот се пофали со своето атлетски градено тело во спортски аутфит.


Средбата не помина незабележано, заради историјата која Блум ја има со Ким, односно, никогаш не беше заборавен моментот кога фотографите го уловија како ја мерка ријалити ѕвездата додека неговата тогашна свршеница стои до него.

Минатата година фотката вирално се споделуваше, но Кети Пери самата го искоментира моментот и се пошегува на нивна сметка.
Прочитајте повеќе: Вирална фотка од Орландо Блум како зјапа во задникот на Ким Кардашијан – свршеницата стои до него, наводно не ѝ пречи
Останува да видиме како ќе помине свадбата во Венеција и дали навистина Орландо Блум има намера да се покаже во своето сингл издание.
Уште неколку фотки од средбата на Орландо и Ким:




Прочитајте и Бура на првиот ден од „свадбата на векот“ – Лорен и Безос расположени, дотераните славни гости бегаат од дождот (фото)
М. М. | Црнобело