Славни парови кои се свршија, но не стигнаа до олтар: Џулија Робертс избегала од дома 3 дена пред свадбата
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025
Деми Мур дознала дека свршеникот Емилио Естевез ја изневерува кога веќе ги испратиле поканите за свадбата. Пробалa да ја спаси врската, но на крај ја раскинала свршувачката.

Секој месец слушаме за барем еден славен пар кој се развел.
Па, можеби не изненадува дека има уште повеќе славни парови кои се свршуваат, но ја раскинуваат свршувачката пред да стигнат до олтар.
Неколку славни парови кои се свршија, но раскинаа пред свадбата:
Џони Деп и Винона Рајдер
Џони Деп и Винона се запознаа во 1989-та, на премиерата на Great Balls of Fire и, според нив, им се случила љубов на прв поглед. Тогаш Џони имаше 27 години, а Винона 18, но по само пет месеци се свршија, а актерот си го истетовира и нејзиното име.
Заедно се појавија во филм на Тим Бартон и во наредните неколку години станаа омилениот славен пар. Но, во 1993-та ја раскинаа свршувачката – период за кој Винона има изјавено дека тешко го преболела.
„Тоа ми беше првото вистинско раскинување, првото скршено срце. И, мислам дека е иронично бидејќи јавноста мислеше дека имам сè. Бев на врвот на кариерата, но се чувствував потполно изгубено“.
Лени Кравиц и Никол Кидман
Лени Кравиц и Никол Кидман почнале врска, па и се свршиле, а јавноста немаше поим за ова. Дури неколку години подоцна, кога Никол веќе беше во врска со сопругот Кит Урбан, откри дека во 2003-та била свршена со познатиот пејач.
И, ја откри веста на најнеочекуваниот начин – во интервју, додека зборуваше за ќерката на Лени, Зои Кравиц:
„Ја познавам Зои бидејќи бев свршена со татко ѝ. Го сакам Лени, прекрасна личност е“.
Не се познати никакви детали за нивната врска, но Никол само има изјавено дека ни таа ни Лени не биле подготвени за брак, па решиле да се разделат, а пријателскиот однос го задржале до денес.
Деми Мур и Емилио Естевез
Деми Мур и актерот Емилио Естевез (брат му на Чарли Шин) се запознаа на снимањето на St. Elmo’s Fire и кратко потоа почнаа врска.
Околу шест месеци подоцна, тие веќе живееја заедно и се свршија. Но, додека се подготвувале за свадбата, Деми дознала дека ја изневерил.
„Емилио и јас веќе ги имавме испратено поканите за свадба, кога една другарка ми кажа дека го видела со друга жена во Лос Анџелес. Секако, тој негираше, но не можев да му верувам.
Претходно се разделивме на две недели и тој спиеше со негова бивша девојка, не ми кажа, но откако дозна дека е бремена мораше да признае“, напиша Деми Мур во нејзините мемоари.
Актерката пробала да ја спаси врската и му рекла да одат на брачен советник:
„Прво даваше отпор, но кога конечно дојде и кога ги откри неговите приоритети, јас бев на дното на листата. Па, ја откажав свадбата“.
Сандра Булок и Тејт Донован
Сандра Булок и колегата Тејт Донован се запознаа на сетот на Love Potion Nо. 9, почнаа врска и се свршија, но на крај сепак се разделија.
„Многу го сакав Тејт. Како што велат, во животот имате само една важна личност и јас и Тејт бевме навистина блиски. Никој не ми значеше повеќе и знам дека и јас му значев него“, има изјавено актерката откако раскинаа.