Славни парови кои се свршија, но не стигнаа до олтар: Џулија Робертс избегала од дома 3 дена пред свадбата

Аријана Гранде и Пит Дејвидсон

Пит Дејвидсон имал врски со низа славни жени, како Кејт Бекинсејл и Ким Кардашијан. Но, од сите нив, ја запроси само Аријана Гранде.

Тие се запознаа во 2014-та, на сетот на Saturday Night Life, а врската ја почнаа дури четири години подоцна.

Не чекаа многу пред Пит да си направи тетоважа во чест н Аријана и да ја побара за жена. Наредните неколку месеци тие постојано беа заедно, а Аријана сними и песна за Пит.

Но, на крај сепак се разделија.

„Сè случија премногу работи, за прекраток период. Раскинувањето на свршувачката не беше изненадување за нивните блиски“, изјави тогаш извор близок до парот.

slavni-parovi-koi-se-svrshija-no-ne-stignaa-do-oltar-dzhulija-roberts-izbegala-od-doma-3-dena-pred-svadbata-06.JPG

Гвинет Палтроу и Бред Пит

Кратко откако ја почнаа врската во 1994-та, Гвинет Палтроу и Бред Пит станаа омилениот славен пар. Две години подоцна, Бред ја побара и за жена, а има изјавено дека нејзините родители биле пресреќни.

„Никогаш нема да зборувам кога се свршивме и кога татко ѝ ми рече, со насолзени очи, дека бил пресреќен бидејќи се чувствувал како да добива син“.

Но, по половина година, Гвинет одлучи да ја раскине свршувачката бидејќи, како што изјави подоцна, не била спремна.

„Мислам дека бев дете и не бев подготвена. Тој беше предобар за мене. Искрено мислам дека бев многу млада и не знаев што правам.

Сепак, јас имав 22 години кога се запознавме, а до 40 се чувствував како дете. Не можеш да донесеш таква важна одлука кога имаш само 22 години“.

slavni-parovi-koi-se-svrshija-no-ne-stignaa-do-oltar-dzhulija-roberts-izbegala-od-doma-3-dena-pred-svadbata-07.JPG

Аланис Морисет и Рајан Рејнолдс

Пред да се венча со Блејк Лајвли, Рајан беше во брак со Скарлет Јохансон, а претходно, пак, беше и свршен со пејачката Аланис Морисет.

Се запознале на роденденска забава на Дру Баримор во 2002 година и брзо станаа ден од најславните парови. Во 2004-та се свршија.

Поминаа две години и не направија свадба, за во 2007-ма да откријат дека ја раскинале свршувачката. Рајан не чекаше долго и речиси веднаш почна врска со Скарлет Јохансон.

slavni-parovi-koi-se-svrshija-no-ne-stignaa-do-oltar-dzhulija-roberts-izbegala-od-doma-3-dena-pred-svadbata-08.JPG

Џулија Робертс и Кифер Сатерленд

Во 1990-тите, Џулија Роберт и Кифер Сатерленд беа пар, а и се свршија. Тие не само што ја испланираа свадбата, туку ги поканија и гостите и сè беше подготвено за големиот ден.

Но, три дена пред свадбата, Џулија избега во Даблин со актерот Џејсон Патрик – едниот од најблиските пријатели на Кифер Сатерленд.

Актерот избегнуваше да го коментира инцидентот и само негов портпарол кажа дека бил шокиран.

Прочитајте и: 7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа

slavni-parovi-koi-se-svrshija-no-ne-stignaa-do-oltar-dzhulija-roberts-izbegala-od-doma-3-dena-pred-svadbata-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава