Му помогна да ги надмине траумите, заради неа престана да користи дрога: Љубовната приказна на Меколи Калкин и Бренда Сонг
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
„Меколи пораснал по хотели, па не знаеше да пере облека. Бев шокирана кога ми кажа, но беше и смешно кога го учев како да вклучи машина за облека“, има изјавено Бренда Сонг за нејзиниот сакан – актерот Меколи Калкин.

Меколи Калкин и Бренда Сонг се заедно од 2017 година, а имаат и две деца.
Иако Меколи до денес важи за еден од најпознатите актери во светот, некако со Бренда успеваат да ја скријат врската од јавност. Но, низ годините, имаат откриено по некој детаљ.
Што знаеме за љубовта на Меколи и Бренда?
Меколи ѝ оставил лош впечаток на Бренда кога се запознале
Во 2014 година, Бренда и Меколи добиле улоги во серијата Dads и тогаш и се запознале.
Поради лошите критики, серијата беше откажана, а кога им ги соопштиле вестите на актерите, Меколи пробал да се пошегува, но на Бренда воопшто не ѝ се допаднало ова.
„Меколи, знам дека сакаше да ја подобри атмосферата, но почна да се шегува и рече ’Ти ја откажаа серијата, но и онака беше лоша‘. Пробуваше да се шегува и тоа ми пречеше. Воопшто не бев импресионирана тогаш од него“.
Па, тој период, Бренда не ни помислувала дека за неколку години ќе почне да гради живот со актерот.
Втората средба ја имале во 2017-та
Во 2017 година, Бренда и Меколи повторно биле најмени за ист проект - филмот Changeland. Овој пат, Бренда сфатила дека актерот можеби и не е така лоша личност, па почнал да ѝ се допаѓа.
Сама има изјавено дека сфатила дека Меколи пробува да се заштити, па некогаш затоа и можеби се однесувал лошо.
Нејзина пријателка забележала дека ѝ се допаѓа, па ја охрабрила да му пријде.
„Ја гледав личноста што им ја покажуваше на другите – тоа му беше како штит. Но, можев да видам дека тоа не е вистинскиот Меколи.
Можев да идам дека приватно, тој е многу интересна, многу чувствителна и интелигентна личност, но не дозволува другите да го видат тоа“, откри Бренда во интервју.
Меколи очекувал да раскинат
Во септември истата година, тие решиле да отидат на двоен состанок со режисерот на филмот што го снимале и неговата сопруга. И, оттогаш се заедно.
Но, Меколи има изјавено дека бил толку среќен со Бренда уште на почетокот, што постојано стравувал дека ќе се случи нешто лошо.
„Уште на почетокот ни одеше толку добро, што чекав да се случи нешто. Да има некоја лоша ситуација. Можеби и некој да умре!“
Бренда му помогнала да ја надмине траумата од детството
Огромната популарност што ја стекна Меколи уште во детството си имала и свои последици.
Тој имаше ужасен однос со татко му кој го присилувал да глуми и го оставал без пари, а низ годините беше мета на секакви озборувања.
Но, бидејќи и Бренда е во филмската индустрија уште од детството, можела да го разбере и да му помогне.
„Како да се разбиравме бидејќи и двајцата сме имале некаква траума што ја споделуваме, но дотогаш не сме сфатиле дека потекнува од фактот што и двајцата сме дел од филмската индустрија уште од детството.
Некои стравови, грижи, што не сме ни сфатиле од каде потекнуваат. Како деца, не ни било јасно дека ќе ни влијаат и подоцна во животот“.