Му помогна да ги надмине траумите, заради неа престана да користи дрога: Љубовната приказна на Меколи Калкин и Бренда Сонг
Бренда му помогнала да се откаже од пороците
Меколи Калкин има откриено дека користел дрога, иако не стигнал до степен да му треба рехабилитација.
Но, Бренда била таа што му давала поддршка и врската со неа веројатно е и причина зошто актерот со години нема посегнато по дрога.
И самиот има изјавено дека неговото семејство, односно Бренда и децата, го натерале да води подобра грижа за себе и да стане што е можно подобра личност.
Бренда го научила да вози, но и да пере облека
Меколи дефинитивно имал поразлично детство од кого било, па никогаш немал можност да научи некои најосновни вештини, како перење облека, па и возење. И, Бренда го научила на сето ова.
„Отсекогаш сум велела дека Меколи е многу уникатна личност бидејќи бил и најпознатото дете во светот. Тој уште не знае да вози!
Еднаш го натерав да вози низ соседството и бев преплашена. Си помислив, овој маж од 44 години, првпат седнува зад волан“.
Бренда додава и дека го учела други основи работи:
„Пораснал по хотели, па никогаш си немал испрано облека. Не му верував кога ми кажа бидејќи јас перам од 10 години. Беше смешно додека го учев како да вклучи машина“.
Имаат две деца
Во 2021 година, парот го доби синот Дакота, а следната година, добија уште еден син – Карсон. Велат дека постариот син е ист како татко му, додека помалиот повеќе ги потсетувал на Бренда.
Интересно е и што веќе им станало традиција за Божиќ да ги гледаат филмовите Home Alone, а постариот син почнал да мисли дека тој е во филмот.
Во интервју, Меколи откри дека син им им кажувал и дека се сеќава на снимањето, па додаде:
„Боже, воспитувам лажго!“
Се свршија во 2022-ра
Меколи ја побарал Бренда за сопруга на почетокот од 2022-та, а ја потврдија свршувачката неколку месеци подоцна.
Тогаш Бренда изјави дека можеби и нема да прават свадба:
„Планирањето свадба е многу скапо и одзема многу време. Тешко е да се организира таков настан како родител“.
Сепак, во 2025-та, парот откри дека размислувале за мала венчавка без гости, но знаеле дека мајка ѝ на Бренда ќе им се налути.
„Ако отидеме да се венчаме сами, мајка ми ќе добие инфаркт кога ќе дознае“.
Оттогаш, немаат откриено дали имаат каков било план за венчавка.
Прочитајте и: „Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи Калкин
Спирова С. | Црнобело