Нова тужба за Пи Диди - за групно силување на девојка заедно со неговиот син Џастин
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Грозоморно обвинение против Диди повторно... Но, сега е вклучен и неговиот син. Жена тврди дека син му ја намамил, а потоа мажи, меѓу кои и Диди, се ределе и ја силувале. Бруталното групно силување траело од сабота навечер до недела попладне.

Шон „Диди“ Комбс (Пи Диди) доби нова тужба, овој пат во грозоморниот настан за кој е обвинет учествувал и неговиот син Џастин.
Станува збор за брутално групно силување на девојка.

Синот на Диди, Џастин Комбс (31), е обвинет дека намамил жена од Луизијана да отпатува во Лос Анџелес за да биде групно силувана од неговиот татко, Шон „Диди“ Комбс, и уште двајца маскирани мажи.
Според тужбата за која пишува магазинот Page Six, Џастин наводно ја убедил жената, чиј идентитет не се открива, да отпатува во Калифорнија во април 2017 година под изговор дека ќе ѝ обезбеди работа во индустријата за забава.

Жената тврди дека била сместена во куќа во Беверли Хилс неколку дена, по што била силувана од неколку мажи, меѓу кои и Диди.
Според судските документи, наводниот инцидент се случил откако жената започнала контакт со Џастин преку Snapchat. Таа тврди дека тој ѝ побарал експлицитни фотографии, на што таа се согласила.

Неколку дена подоцна Џастин ја поканил да дојде во Калифорнија на викенд со цел да разговараат за нејзината иднина во кариерата, ветувајќи дека преку неговиот татко ќе ѝ помогне да добие работа.
Откако пристигнала во Лос Анџелес, жената вели дека ја пречекал возач и ја однел во куќа, каде првата ноќ ја поминала со Џастин. Таа тврди дека разговарале и се опуштиле, а кога прашала дали ќе излезат од куќата, тој наводно ѝ рекол: „Не“.

