Застрашувачко видео: Бијонсе речиси падна од висечки автомобил на концерт – исплашено нареди да ја прекинат точката
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
За време на концерт во Хјустон, висечкиот автомобил во кој беше Бијонсе почна да се навалува на едната страна, по што пејачката исплашено му довикна на нејзиниот тим да престане со точката. Бијонсе безбедно беше спуштена на земја, а и покрај страшниот момент, храбро продолжи со настапот.

Концертот на Бијонсе што се одржа викендов можеше да заврши со трагедија, откако пејачката се соочи со проблем со реквизит.
Во саботата (28.06), за време на концертот во Хјустон, Бијонсе беше сместена во црвен автомобил кој висеше прикачен за неколку кабли.
Но, одеднаш автомобилот почна да се навалува на едната страна, при што 43-годишната пејачка почна да извикува „стоп“.
За миг, во публиката завладеа тишина, пред повторно да почнат да се слушаат извици од нејзините фанови.
Иако во гласот на Бијонсе се забележуваше страв, пејачката остана смирена додека автомобилот полека беше спуштен на земјата.
И покрај страшниот момент, откако се врати на сцена Бијонсе продолжи со песната што ја пееше, а потоа и им се заблагодари на фановите:
„Сакам да ви се заблагодарам на сите што ме сакате. Ако некогаш паднам, знам дека ќе ме фатите“.
По концертот, се огласи тимот на пејачката кој потврди дека настанал проблем.
„Вечерва во Хјустон, поради технички проблем, летачкиот автомобил – реквизит со кој Бијонсе го обиколува стадионот и ги гледа фановите одблиску, се навали на едната страна.
Бијонсе брзо беше спуштена на земја и никој не беше повреден. Шоуто продолжи без инциденти“.
Во меѓувреме, фановите почнаа да го споделуваат видеото на Твитер, но и да се шегуваат откако стана јасно дека инцидентот помина без повредени.
„Јас откако ги тргнаа Бијонсе и нејзиниот автомобил од мене, бидејќи нема да дозволам да падне“
„Летачкиот автомобил на Бијонсе имаше проблем во Хјустон“
„Јас на пат да ѝ го позајмам мојот автомобил на Бијонсе бидејќи нејзиниот не работи“
„Кога автомобилот на Бијонсе почна да се навалува“
„Доста е со летачките автомобили Бијонсе. Мило ми е што ја спуштија безбедно. Ми застана срцето кога почна да вика ’стоп‘“
„Бијонсе го вика тимот на разговор по концертот“
Спирова С. | Црнобело