Орландо Блум веќе ја заборави Кети Пери: Флертува со други жени, додека таа плаче на концерт (фото+видео)
- Детали
- среда, 02 јули 2025
Изгледа Орландо Блум си помина одлично на свадбата на Безос и Лорен Санчез каде беше забележан во друштво на три различни жени. Потоа беше и на забава на јахта со супермодели. Во меѓувреме, Кети Пери е на турнеја, а на еден концерт не можеше да ги додржи солзите.

Иако уште се немаат огласено, јасно е дека Орландо Блум и Кети Пери се разделуваат. И, се чини дека Кети Пери потешко се справува со целата ситуација.
Кратко откако јавноста дозна дека ја раскинале свршувачката, Орландо Блум присуствуваше на тридневната свадбена прослава на Џеф Безос.
А таму, актерот си дозволил вистински да се опушти.

Во Венеција, Орландо беше забележан како разговара со Ким Кардашијан, а очевидци потврдија дека флертувале.
Според изворите, Орландо „го активирал шармот“ и пробувал да ја заведе ријалити ѕвезда.

Потоа, актерот беше забележан како шета низ Венеција со актерката Сидни Свини која, исто како него, од неодамна е сингл.
Не е познато дали актерите се познавале претходно или се зближиле за време на венчавката.

Орландо Блум дефинитивно си поминал одлично, а решил да ужива уште на првиот ден.
Уште минатиот четврток, кога почна првата прослава на Безос и Санчез, Орландо Блум беше забележан во такси на вода со непозната жена.
Првата прослава заврши порано поради лошите временски услови, па гостите си заминаа со такси на вода.
Во едно од нив, Орландо влезе со жената, а на папарацо фотка се гледа и како ја прегрнува.

По свадбата на Безос, актерот беше на забава на јахта на која присуствуваа и супермодели, како Наоми Кемпбел.
