Орландо Блум веќе ја заборави Кети Пери: Флертува со други жени, додека таа плаче на концерт (фото+видео)
И, додека актерот ужива во ергенскиот живот, Кети Пери веројатно не се справува најдобро. Периодов таа е на турнеја, а за време на концерт во Австралија, почна и да плаче.
На видео што се споделува на Твитер, пејачката прави срце со дланките кон публиката и потоа низ солзи им се заблагодарува и што се овде за неа.
На истиот концерт, кратко пред да се расплаче, Кети се соочи и со технички проблем, слично како Бијонсе неодамна.
Пејачката беше во кафез кој висеше над сцената и кој во еден миг се навали на едната страна.

На видеото од концертот се гледа како Кети цврсто се држи во кафезот, додека во публиката се слушаат исплашени извици. Додека кафезот се спушташе, музиката беше сопрена.
Додека трае турнејата, Кети наводно се „скрила“ во луксузен ресорт на јужниот дел од Австралија.

За потсетување, Кети Пери и Орландо Блум ја почнаа врската во 2016 година, а се свршија во 2019-та.
Во 2020 добија ќерка – Дејзи – но никогаш не стигнаа до олтар.

Кога извори блиски до парот ја потврдија разделбата, истакнаа дека ако ништо друго, Кети е среќна што не мора да минува низ уште еден бурен развод, како со Расел Бренд.
Зад себе и Орландо има еден брак, со моделот Миранда Кер. Тие беа заедно од 2010 до 2013 година и заедно го добија синот Флин.
Спирова С. | Црнобело