Преживеа експлозија во 2020-та, се откажа од сонот да стане лекар - Каде е денес најубавата жена во арапскиот свет?
Надин, која неодамна наполни 41 година, повремено се соочува со критики на сметка на нејзиниот изглед.
Таа е и понатаму убавица, но многу нејзини обожаватели велат дека претерала со ботоксот и дека ликот ѝ е многу изменет.
Таа, пак, не негира дека става ботокс, но и признава дека лицето ѝ е сменето откако се здебели 10 килограми.
Таа преживеа и експлозија во пристаништето во Бејрут во 2020 година, по што беше подложена на седумчасовна операција на лицето.
Но, денес вели дека нејзиниот убав изглед го постигнува најмногу со шминките што ги користи, а се, всушност од нејзиниот бренд за декоративна козметика.
Надин, освен што се впушти во бизнисот со козметика како претприемач, самата ги рекламира своите производи.
„Кога се гледам во огледало, гледам зрела убавина, зрела кожа, зрел ум, зрело тело.
И тоа ми се допаѓа. Ова е мојата убавина, моето лице, моето тело и можам да правам што сакам со тоа.
Што и да правам, добро или лошо, луѓето никогаш нема да престанат да коментираат.
Но, повеќе нема да се извинувам. Порано бев тажна поради тоа, но повеќе не сум,“ визјавила таа за арапското издание на Vogue.