Преживеа експлозија во 2020-та, се откажа од сонот да стане лекар - Каде е денес најубавата жена во арапскиот свет?

На почетокот на 2000-тите години, Надин Насиб Нџим, се откажа од својот сон да гради кариера како лекар, и наместо тоа стана модел и актерка, а беше избрана и за Мис на Либан. Две децении подоцна, таа и не личи премногу на жената која со својата убавина го освои светот.

prezhivea-eksplozija-vo-2020-ta-se-otkazha-od-sonot-da-stane-lekar-kade-e-denes-najubavata-zhena-vo-arapskiot-svet-01.jpg

Надин Насиб Нџим (41) и на почетокот на петтата деценија, за многумина е најубавата жена во арапскиот свет.

Родена е во Бејрут на 7 февруари 1984 година и уште од детството сонувала да стане докторка.

prezhivea-eksplozija-vo-2020-ta-se-otkazha-od-sonot-da-stane-lekar-kade-e-denes-najubavata-zhena-vo-arapskiot-svet-02.jpg

Но, откако победила на изборот за убавина во родниот Либан, сфатила дека ја влечат магијата на пистата и рефлекторите, поради што се откажала од својот детски сон за да гради кариера во медицината.

„Чувствував силна потреба да продолжам понатаму во овој свет и да останам под рефлекторите.

Не сакав да се вратам дома и да го напуштам тоа што ми се нудеше, сакав да сум во центарот на вниманието“, признала таа за арапското издание на Harpers Bazar пред неколку години.

prezhivea-eksplozija-vo-2020-ta-se-otkazha-od-sonot-da-stane-lekar-kade-e-denes-najubavata-zhena-vo-arapskiot-svet-03.jpg

Откако беше избрана за Мис Либан, ја претставуваше својата земја на изборите за Мис на светот 2004 и Мис Универзум 2005.

Модната кариера ја дополни уште со една - актерската. Се покажа дека Надин има дарба за глума, и дека е многу повеќе од само убаво лице, па за кратко стана миленичка на либанската публика.

Низ годините глумеше во бројни успешни серии и филмови и стана првата арапска актерка номинирана во категоријата за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Сеул.

Од 2011 до 2019 година, беше во брак со инженерот Хеди Асмара, со кого има две деца.

Оттогаш, својот приватен живот не го споделува јавно и никој не знае дали е во љубовна врска.

Пред неколку години Надин ги изненади своите обожаватели кога сподели видео во кое напушта Центар за деца болни од рак со избричена глава и ги поздравува младите пациенти.

prezhivea-eksplozija-vo-2020-ta-se-otkazha-od-sonot-da-stane-lekar-kade-e-denes-najubavata-zhena-vo-arapskiot-svet-04.jpg

Ова, најубавата жена во арапскиот свет го направи за да ја крене свесноста кон детските онколошки пациенти.

„Вистина е дека убавината е важна и сите сакаме да изгледаме убаво, но често забораваме дека убавината доаѓа одвнатре.

И да ја изгубам косата, вистинското прашање што треба да се постави е ‘Што се променило?’. Ништо, јас сум сè уште истата личност, со или без коса“ - рекла таа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопру... По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале ра...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...

Најчитани неделава