Хју Грант (64) стана меме – заспа на Вимблдон во кралската ложа, на меч на Ѓоковиќ: „Најскапата дремка во историјата“
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
Додека Ѓоковиќ и Флавио Коболи се бореа за победа во четвртфиналето на Вимблдон, Хју Грант безгрижно задрема, и тоа во кралската ложа, веднаш зад кралицата Камила. И, преку ноќ стана вирално меме.

Од 30-ти јуни до 13-ти јули се одржува еден од најпрестижните тениски турнири во светот – Вимблдон.
Турнирот се одржува во Лондон и досега во публиката се појавија некои од најпознатите луѓе во светот.
Еден од нив е и Хју Грант кој вчера (09.07) го следеше четвртфиналето на турнирот.
64-годишниот актер имаше чест да седи во кралската ложа на Вимблдон, веднаш зад кралицата Камила. Хју беше забележан како разговара со кралицата, но набрзо потоа задрема.
Актерот заспа за време на мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи и благодарение на фотката на којашто спие, преку ноќ стана меме.
Како што се шегуваат твитерџиите, Хју ја имал „најскапата дремка во историјата“, кога ќе се земе предвид цената на околните седишта која достигнува неколку илјади евра.
За некој да седи во кралската ложа на Вимблдон, како Хју, треба да добие покана, па твитерџиите се шегуваат и дека актерот ја преспал можноста за која многумина сонуваат.
Некои и го критикуваат актерот, истакнувајќи дека не ги заслужил билетите штом си дозволил да заспие.