Хју Џекмен продолжува да ја понижува бившата сопруга: „Скршена е бидејќи ја однесе љубовницата на Мет гала“
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
Хју Џекмен се соочи со остри критики откако на годинашната Мет гала се појави со новата девојка Сатон Фостер. Врската на Хју и Сатон почна како афера и беше причина за разводот на актерот и бившата сопруга Дебора по дури 27 години брак. Дебора, пак, била скршена и се чувствувала понижено што актерот отишол на настанот со љубовницата.

Минатиот понеделник (04.05), Хју Џекмен присуствуваше на Мет гала со неговата нова девојка – Сатон Фостер.
Но, се соочи со критики од јавноста дека непотребно ја понижува неговата поранешна сопруга Дебора Ли Фурнес.
Актерот и Сатон Фостер ја почнаа врската како афера и иако на почетокот се криеја, веќе не се плашат да се појават во јавност.
Хју Џекмен и Дебора го финализираа разводот минатиот јуни, по 27 години брак, а претходно речиси и да не ја пропуштаа Мет галата како пар.
Последен пат се појавија заедно во 2023-та, а следната година Хју дојде сам.
Поради драмата со разделбата, минатата година тие воопшто не се појавија на Мет гала.
За годинешното појавување, актерот се соочи со остри критики:
„Хју и Сатон се прељубници кои ги лажеа нивните партнери“.
„Барем добро е што Дебора сега се ослободи од него“.
„Дебора беше со него уште пред да биде славен и го издржуваше за да може да стане актер. Секогаш ќе биде подобра личност од него“.
Сепак, некои го бранат актерот, и покрај аферата:
„Си продолжил со животот. Се прави премногу врева од луѓе кои не го живеат неговиот живот“.
„Ова е веќе смешно. Може да биде во врска со кој сака“.
„Никој од нас не знае како му било со бившата… Зошто сега да се крие со новата двојка?“
Сега, пак, една недела по Мет гала, извори блиски до Дебора велат дека таа била скршена и се чувствувала понижено.
„Дебора доби предупредување дека Хју ќе се појави со Сатон, но сепак ѝ беше како нож во срце кога ги виде на настанот.
Мет галата беше нивната 'голема ноќ' и заедно присуствува, како сега Сатон, пред само неколку години“.
Според изворот, Хју и Дебора по разводот се договориле дека ќе ја посетуваат Мет гала наизменично – една година тој, една година таа – со цел да избегнат непријатна средба.
Но, Дебора воопшто не помислувала дека Хју уште сега ќе отиде со новата девојка.
„Дебора и Хју беа редовни посетители на Мет галата, им беше еден од омилените настани. Кога се разделија, одлучија да ја посетуваат наизменично, но ова беше пред сите да дознаат за Сатон Фостер“.
Годинава Дебора не присуствуваше на настанот, а одлучи да го прескокне и лани.
„Минатата година изгледаше како Хју да сака да оди со Сатон. Дебора спомна дека сака да оди, но дека не би можела да се соочи со него. Имаше многу болни сеќавања.
Дел од неа се надеваше дека годинава Хју ќе отидеше сам на настанот. Дебора добро се справува со разводот, но тоа што го виде Хју со Сатон сепак ја повреди“.
За потсетување, Хју и Сатон Фостер се запознаа додека работеле на бродвејската претстава The Music Man, во 2021-ва, а се претпоставува дека ја почнале аферата кон крајот на 2024-та.
Веќе се шпекулира и дека планираат венчавка, но ова не е потврдено.
Спирова С. | Црнобело