Бившата на Хју Џекмен прозборе за неговата афера - Сака да му ги земе милионите, се чувствува предадено по 27 години брак
- Детали
- среда, 28 мај 2025
Дебора Ли Фурнес првпат прозборе за разделбата од Хју Џекмен, истакнувајќи дека се чувствува предадено. Парот немаше предбрачен договор, па таа поднесе барање за развод дури сега, откако се осигурила дека ќе добие голем дел од милионите што актерот ги заработи додека беа заедно.
Во 2023-та, по 27 години брак, Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес соопштија дека ќе се разведуваат поради неверство од страна на актерот.
Хју веќе не ја крие врската со колешката со која се верува дека ја изневерил сопругата.
Дебора, пак, дури сега официјално поднесе барање за развод, наводно бидејќи немале предбрачен договор и треба да најдат начин да го поделат богатството од 250 милиони долари.
Дебора го поднела барањето на 23-ти мај, а сега даде и изјава за Daily Mail – прва откако се раздели од познатиот актер.
69-годишната Дебора вели дека се чувствува предадено по три децении со 56-годишниот актер.
„Се сочувствувам со сите кои поминале низ траумата што ја носи предавството. Тоа е длабока рана, но верувам во виша сила и дека Бог или универзумот, што и да ве води во животот, секогаш работи за нас.
Ова верување ми помогна да се справам со распаѓањето на брак кој траеше речиси три децении. Стекнав многу знаење и мудрост од ова искуство.
Дури и кога се соочуваме со неволја, нè води кон нашето добро, нашата вистинска цел. Може да биде болно, но долгорочно, да се вратите кон себе и да живеете со своите вредности, интегритет и граници, е ослободување“.
Сепак, Дебора вели дека во целата болка, научила дека не треба да го сфаќа предавството на актерот премногу лично.
„Сите ние сме на свое индивидуално патување и верувам дека врските во нашите животи не се случајни.
Нè привлекуваат луѓе, ги примаме во нашиот живот со цел да ги научиме нашите лекции и да ги препознаеме и да ги излекуваме делчињата од нас кои се скршени… Благодарна сум“.
Дебора и Хју живеат одвоено веќе две години, но, како што спомнавме, пречка за разводот е нивното огромно богатство.
Бидејќи се во прашање 250 милиони долари, стравувале дека ситуацијата лесно може да ескалира.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





