Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бившата на Хју Џекмен прозборе за неговата афера - Сака да му ги земе милионите, се чувствува предадено по 27 години брак

Дебора и Хју се заедно уште пред актерот да стане светски познат, па кога се венчале, не ни сонувале дека ќе се збогатат толку многу.

„Кога се венчаа, мислеа дека ќе бидат заедно засекогаш. Тогаш ниту еден од нив не очекуваше кариерата на Хју да стане толку голема.

Бидејќи немаат предбрачен договор, а Хју заработи големо богатство додека беа во брак, овој развод нема да помине лесно. Може дури и да стане хаотичен, во прашање е голема сума пари“, изјави извор близок до парот на почетокот од годината.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-2.JPG

Иако и двајцата сакале разводот да помине што е можно полесно, по три децении, нема да биде така лесно. До март пробале да постигнат договор, но имале многу несогласувања околу поделбата на парите.

„Хју и Дебора уште немаат поднесено барање за развод бидејќи не можат да се согласат како да го поделат богатството. Дебора смета дека заслужува повеќе пари одошто Хју сака да ѝ даде“, откри извор во март годинава.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-11_copy.JPG

Имено, Дебора сметала дека заслужува многу повеќе бидејќи била гневна на предавството од страна на актерот, но и бидејќи таа му била поддршка во текот на целата кариера.

„Иако Хју немаше физичка врска со Сатон (неговата сегашна девојка), Дебора знае дека имаа емоционална афера и смета дека актерот ја предаде“.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-13.JPG

Проблемите во бракот на Дебора и Хју почнале за време на пандемијата, односно околу 2022 година. Тој период, Хју се зближил со колешката Сатон Фостер бидејќи заедно работеле на мјузикл на Бродвеј.

Тогаш и таа беше во брак, но откако ја почна аферата со Хју, се разведе и наскоро треба да го финализираат разводот со сопругот.

Јавноста дозна за разделбата на парот во септември 2023-та, а Хју не чекаше долго пред да ја покаже новата девојка. А, додека со Дебора се договараат за поделба на парите, новата девојка Сатон веќе се преселила во домот на актерот.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-07.JPG

Ова бил уште еден удар за Дебора бидејќи актерот моментално живее во дом кој го граделе заедно.

„Хју и Сатон живеат заедно, неразделни се. Сатон постепено ги пренесува сите нејзини работи во домот на Хју.

Дебора е скршена бидејќи Сатон сега живее таму, во домот во кој вложи многу љубов“, открива извор близок до парот.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-05.JPG

По низа неуспешни обиди за бременост, Дебора и Хју посвоија две деца кои денес се полнолетни, што значи ќе ја избегнат битката за старателство.

Според она што ѝ е познато на јавноста, по разводот Хју ќе ги покрива здравствените трошоци на Дебора и на децата, а била задоволна и со сумата пари што ќе ја добие, иако не е познат точниот број.

bivshata-na-hju-dzhekmen-prvpat-prozbore-za-negovata-afera-se-chuvstvuva-predadeno-po-27-godini-brak-saka-da-mu-zeme-mnogu-pari-vo-razvodot-02.JPG

„Се постигна договор и Дебра е задоволна, ќе добива солидна сума од Хју. Имаше несогласувања во однос на финансиите, но на крај Дебора го доби она што смета дека го заслужува.

И двајцата се финансиски обезбедени“, открива извор близок до парот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg