Му помогнала да ја надмине траумата од силување: Љубовта на Метју Меконахи и сопругата трае речиси 2 децении
- Детали
- сабота, 27 септември 2025
Во своите мемоари, Метју Меконахи откри дека двапати бил жртва на сексуално насилство, а сопругата Камила била светлата точка во животот што му помогнала да ги надмине траумите.

Метју Меконахи и сопругата Камила Алвес се во брак повеќе од 13 години, а актерот не пропушта можност да ја пофали и да ѝ се заблагодари за поддршката што ја добива од неа.
Самиот има изјавено дека никогаш не се сомневал во нивната љубов, а ја запознал во момент кога почнал да губи надеж дека ќе ја сретне вистинската за него.
Факти за љубовта на Метју Меконахи и Камила Алвес:
Се запознале во ноќен клуб
Во 2006 година Метју веќе беше познат актер, додека Камила иако работеше како модел, немаше стекнато некоја популарност.
Истата година, актерот правел коктели во ноќен клуб, кога ја здогледал Камила.
„Не можев да го тргнам погледот од неа. Ѝ мавтав, пробав да ѝ го привлечам вниманието. И, конечно ме погледна.
Ѝ се претставив, па ја поканив со пријателките на мојата маса“, раскажува актерот за првата средба.

Вечерта ја продолжиле во неговата куќа, но тогаш не се случило ништо и актерот морал уште двапати да ја покани на состанок пред таа да прифати.
Метју многупати има изјавено дека оттогаш не ни погледнал друга жена.
„Од таа вечер, не сум посакал да бидам со ниту една друга жена, уште помалку да спијам со некоја друга.
Не сакав деца со ниту една друга, освен неа. Сега имаме љубов во која никогаш не се сомневаме“.

Се сретнале во период кога Метју изгубил надеж дека ќе најде љубов
Пред да ја сретне Камила, Метју имаше врски со некои од најпознатите актерки, како Сандра Булок и Пенелопе Круз.
Но, со ниту една не можел да замисли заеднички живот и семејство. Па, почнал да стравува дека ќе остане вечен ерген.
„Времето минуваше – ми наближуваше 40-тиот роденден, а јас планирав дотогаш да бидам во брак и да имам деца“.
Тој дури престанал да се обидува да најде партнерка бидејќи сметал дека неуспехот дополнително ќе го разочара.

Ја потврдија врската дури две години подоцна
Иако се шпекулираше дека се пар, Метју и Камила успешно се криеја од љубопитните очи на јавноста. Сè до 2008 година, кога таа го придржуваше на премиерата на филмот Fool’s Gold.
Подоцна Камила има изјавено дека премиерата била особено стресна за неа.
„Бев многу нервозна. Бевме во врска веќе некое време и одев со него на премиери, но секогаш се искрадував од задниот влез, за да не ме видат. Ова беше првпат да се појавиме заедно како пар.
И, само што станавме на црвениот тепих, дувна силен ветер и ми го крена фустанот! Не ми остануваше ништо освен да се смешкам“.

Ја запроси на Божиќ
Актерот ѝ приредил вистинско изненадување на Камила со запросувањето. Ја побарал за жена на Божиќ во 2011 година.
„Ги отворавме подароците и во последниот се наоѓаше свршеничкиот прстен. Го ставив во седум кутии, за Камила да треба да отпакува подолг период.
Конечно стигна до прстенот и клекнав на колено и ја побарав за жена. По некое време, фала Богу, се согласи“.
Следната година тие направија свадба во нивниот дом во Тексас, а прославата траеше три дена.
