Разведени, но посветени: Рики Мартин се забавува со двете деца, откако беа на одмор со бившиот сопруг Џуан во Шведска
- Детали
- среда, 16 јули 2025
Рики Мартин и Џуан Јозеф се разведоа во 2023, но посветено ги одгледуваат децата – за Денот на татковците споделија заедничка фотка на базен, неодамна децата отидоа со Џуан во Шведска кај неговите родители, а сега се обединија со Рики, кој ги изнесе на ручек и покажа како се забавуваат.

Рики Мартин има 4 деца, но само две од нив се со неговиот поранешен сопруг Џуан Јозеф – Луција (6) и Рен (5).
Тие се разведоа во 2023-та, но заеднички посветено ги одгледуваат и растат децата.
Прочитајте повеќе: Рики Мартин (51) и Џуан Јозеф се разведуваат по 6 години: „Ќе го завршиме бракот со љубов и достоинство“
На почетокот на летово, за да го одбележат Денот на татковците, Јозеф сподели низа фотки, меѓу кои и една заедничка со целото семејство додека се забавуваат на базен.
Изминатите денови од јули, пак, двете деца беа со нивниот татко Џуан во Шведска, каде што живеат неговите родители откако емигрирале од Сирија кога тој имал 2 години.

Таму тие шетаа по музеи, истражуваа природни убавини, но и поминуваа квалитетно време со баба и дедо.
По подолгиот престој во Шведска, децата се вратија кај Рики, а вчера тој на Инстаграм Стори покажа како го поминуваат времето заедно.
Тој објави фотка со нив во ресторан и напиша „Две од моите 4“, а потоа сподели и неколку кадри додека се забавуваат и си играат со перници.



Уште неколку фотки кои Џуан ги објави од престојот во Шведска со децата:



Прочитајте и „Сега само сакам да се забавувам“ – Рики Мартин се огласи по разводот + факти за неговиот пропаднат брак со Џуан Јозеф
М. М. | Црнобело