Ретки фотки од Џејсон Стејтам со 20 години помладата свршеница – таа позира без градник, ги покажаа и децата
- Детали
- четврток, 17 јули 2025
Тие се еден од најскладните холивудски парови, свршени се веќе 9 години, возрасната разлика не им е пречка, а ретко се појавуваат заедно – сега уживаат на романтично бегство во Позитано, Роузи позира без градник под облеката, но и во свадбени аутфити, а ги покажаа и семејните моменти со децата.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret, Роузи Хантингтон-Вајтли (38) периодов е во Позитано, Италија, на семејно патување со свршеникот Џејсон Стејтам (57) и нивните две деца.
Таа објави повеќе фотографии на кои ги покажа нејзините летни стајлинзи, но и елегантни аутфити по повод свадбата на брат ѝ, а неколкупати позираше и во облека без градник.

Освен нејзините модни изданија, изненадување за фановите беа многуте фотки со нејзиниот сакан, со кого ретко се покажува во јавност, но и оние со децата.


Роузи покажа како уживаат во одморот, семејните моменти и прекрасните глетки кон брегот на Амалфи од нивниот луксузен хотел Villa Treville, каде една вечер чини 3.900 евра, според Daily Mail.

Инаку, иако ретко се појавуваат во јавност, тие важат за еден од најскладните холивудски парови и возрасната разлика од речиси 20 години никогаш не им била пречка за љубов.

Тие се заедно од 2010-та, свршени од 2016-та, но никогаш не се венчале и имаат две деца, Џек Оскар и Изабела Џејмс.
Прочитајте и Посетувал затвор, пливал со ајкули – факти за маестралниот Џејсон Стејтам, кој ги изведува сам филмските акробации
Погледнете повеќе фотки од одморот во Позитано:









М. М. | Црнобело