Бил одличен во кревет, но самодеструктивен - откриено зошто раскинаа Бен Афлек и Гвинет Палтроу пред 25 години
- Детали
- петок, 18 јули 2025
Во периодот кога се запознале, Гвинет се опоравувала од раскинувањето со Бред Пит, а Афлек минувал низ тежок период поради прекин на седумгодишна врска. Беа омилен пар во Холивуд и кога сите мислеа дека ќе се венчаат, парот стави крај на врската.

Гвинет Палтроу и Бен Афлек беа еден од омилените холивудски парови кон крајот на 1990-тите.
Тие раскинаа по 3 години врска, а сега, во биографијата на Палтроу, Gwyneth: The Biography, која ја напиша Ејми Одел, е откриено што довело до крај на нивната романса.

Во периодот кога се запознале, Гвинет се опоравувала од раскинувањето со Бред Пит, а Афлек минувал низ тежок период поради прекин на седумгодишна врска.
Актерите се запознале на вечера организирана од Харви Вајнштајн и брзо потоа почнале да се гледаат.

Иако во текот на врската раскинаа, повторно се смирија и се чинеше дека би можеле дури и да се венчаат.
Но, во 2000 година, на нивната романса дефинитивно ѝ дојде крајот.

Според извадок од биографијата (која треба да биде промовирана наскоро) објавен во магазинот People, иако не е потврдено, делува како Бен да ја изневерил Гвинет, а тоа била последната капка што ја прелеала чашата.
„Нивната физичка хемија не можеше да ги надмине неговите самодеструктивни импулси, кои можеби вклучуваа и неверство“, пишува во биографијата.
