Бил одличен во кревет, но самодеструктивен - откриено зошто раскинаа Бен Афлек и Гвинет Палтроу пред 25 години
Ова е дополнето со изјавата на Гвинет дадена по раскинувањето со Бен: „Ги сакам мажите, иако се лажливи и измамнички ѓубриња“.
Бен, наводно ја привлекол Палтроу својот интелект, но сепак имал многу лични демони, кои биле видливи уште тогаш.

Биографијата потврдува дека Бен се борел со алкохолизам и бил зависен од коцкање, а тоа влијаело на нивната врска.
„Нејзините пријатели биле резервирани, ја советувале да биде внимателна со него, бидејќи тој не се вложувал во врската колку неа.
Бен бил повеќе заинтересиран да се дружи со своите пријатели и да игра видео игрички дома со нив, отколку да поминува време со Гвинет“, пишува во биографијата.

Од друга страна, се тврди дека имале возбудлив сексуален живот и дека Афлек бил одличен во кревет, но тоа, сепак, не било доволно.
Во една прилика Гвинет признала дека тој не бил добар партнер, а дека нејзините родители, иако ја ценеле неговата интелигенција и фактот дека бил навистина талентиран и забавен, сепак не го одобрувале како животен сопатник на нивната ќерка.
„Мислам дека претпочитаа да не бидеме заедно“, изјавила Гвинет.

За време на нивната врска, Гвинет и Бен глумеа заедно во два филма, Shakespeare In Love и Bounce.
Поранешните љубовници денес не комуницираат. Гвинет е во брак со писателот и режисер Бред Фалчук од 2018 година, а од првиот брак со Крис Мартин од Coldplay има две деца, ќерката Епл и синот Мозес.

Афлек, пак, има два пропаднати брака. По една година брак се разведе од музичката дива Џенифер Лопез, а претходно беше оженет со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца: ќерките Вајолет Ен и Серафина Роуз и синот Самуел.
А. Ј. | Црнобело