48 години не погледнал друга жена, трипати ја барал за сопруга пред да рече „да“ - Љубовната приказна на Дензел и Паулета Вашингтон
- Детали
- сабота, 26 јули 2025
„Можете да купите куќа, но тоа нема да ја направи дом. Мојата сопруга ја претвори нашата куќа во дом, одгледа прекрасни деца, се грижеше и се жртвуваше за нив, ја заврши целата тешка работа“, изјавил Дензел Вашингтон, кој ја запознал сопругата во 1977 година.

Дензел Вашингтон (70) долги години важи за еден од најпосакуваните мажи во светот. И иако му се додворуваа многу убавици, тој вели дека цели 48 години има очи само за својата сопруга Паулета.
Дензел и Паулета се запознале на снимањето на неговиот прв филм Wilma во 1977 година, но првпат разговарале неколку месеци подоцна, кога се сретнале на забава што ја организирал нивни заеднички пријател.

Кога заедно почнале да работат во театар, почнале и вистински да се запознаваат.
На нивниот прв состанок, Паулета платила за таксито, бидејќи актерот не заработувал доволно во тоа време.
Денес, тие често се потсетуваат на тој прв состанок и не кријат дека животите им се промениле многу од тие денови.

Сепак, на Дензел му требало долго време да ја убеди да се омажи за него.
Во една пригода тој открил дека ѝ предлагал брак трипати пред таа конечно да каже „да“.

Се венчале на 25 јуни 1983 година, шест години по нивната прва средба.
Имаат и четири деца: Џон Дејвид, Катја и близнаците Оливија и Малколм.
