Линдзи Лохан блеска покрај сопругот на премиера, откако ги избриша трагите од пороци на лицето (фото)
- Детали
- среда, 23 јули 2025
Најмистериозната трансформација во Холивуд ја има Линдзи Лохан – се појави на премиера на „Freakier Friday“ со сопругот кој ретко го покажува и заблеска откако некој совршено го „преработи“ нејзиното лице кое беше уништено од дрога, алкохол и нездрав живот.

Линдзи Лохан живее во Дубаи и ретко се појавува во јавност, но сега повторно ги привлече сите погледи на премиерата на нејзиниот филм „Freakier Friday“ кој е продолжение на хит филмот од 2003-та.
На настанот кој се одржа во вторникот во Холивуд, таа се појави со сопругот, кој не го покажува често и заблеска со својот трансформиран изглед.

Веќе подолг период нејзината совршена трансформација на лицето е тема на разговор, а иако демантира дека направила фејслифтинг, се шпекулира дека некој доктор многу добро си ја завршил работата.

Прочитајте повеќе: Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?

Нејзиното лице беше со траги од лошиот живот кој го живееше во екот на славата и пороците кои направија да изгледа многу постаро од што беше.
Сега, на 39 години, таа зрачи со сјај и свеж изглед, како никогаш да не го водела тој живот.

Прочитајте и Линдзи Лохан ги открива тајните напитоци за блескаво лице – демантира дека трагите од стареење ги избришала со фејслифтинг
Погледнете повеќе фотки од премиерата:





М. М. | Црнобело