Линдзи Лохан ги открива тајните напитоци за блескаво лице – демантира дека трагите од стареење ги избришала со фејслифтинг
- Детали
- петок, 30 мај 2025
Линдзи Лохан тврди дека по годините поминати со уништено лице од нездрав живот и пороци, денес кожата ѝ блеска заради здрава исхрана и напитоци, а не затоа што била под нож: „Кога мислите дека имам време за тоа?“. Таа ги открива тајните за сјајното лице.
Лицето на Линдзи Лохан долго време беше уништено и на себе „носеше“ траги од лошиот живот кој го живееше во младоста, под дејство на алкохол и дрога.
Но, иако низ годините личеше подмладено, сепак од 2024, како целосно да си го промени личниот опис, но сето тоа личеше природно, свежо и блескаво.
Тогаш, светските медиуми наводно открија дека за маестралната работа на лицето на Линдзи е задолжена српска докторка која работи во Дубаи.
Прочитајте повеќе: Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?
Но, сега Линдзи изгледа ги демантира гласините дека направила фејслифтинг, односно хируршка процедура која ја подига и затега кожата на лицето и вратот за да се скријат знаците на стареење.
Во интервју за Elle, актерката тврди дека причината за блескавото лице е нејзината исхрана и здрав живот.
На прашањето кои се тајните за нејзиното прекрасно лице, Линдзи вели:
„Ох, не знам ни како да го одговорам ова. Го пијам овој сок секое утро – содржи морков, ѓумбир, лимон, маслиново масло и јаболко.
Исто така, пијам многу зелен чај и многу вода. Голем фан сум на цвекло, па го ставам во секоја храна. Мојата нега за кожа е многу конкретна.
Ставам серуми, а исто така верувам во ставање на лицето во вода со мраз наутро веднаш по будење.
Пијам сок од лимон, ставам и многу чиа семе во водата. Користам перничиња за очи, одам на ласерски третмани...“
Од магазинот, ја пофалија Лохан дека е целосна спротивност од стереотипот за мајките кои изгледаат уморно, бидејќи таа блеска и изгледа свежо, на што нејзиниот публицист искоментира:
„Да, но знаете што е проблемот со убавите жени? Веднаш штом малку ќе го сменат изгледот, веднаш сите претпоставуваат дека направила фејслифтинг на 37 години, дека отстранила или коригирала нешто што не ѝ се допаѓа, злобно е“, со што Линдзи се сложува и додава дека воопшто нема време кога да направи таква процедура и се чуди на коментарите.
Сепак, освен што тврди дека многу внимава на исхраната и на сите намирници на кои е алергична и ѝ пречат, како и дека консумира свежи состојки кои ѝ помагаат да има блескава кожа, не демантира дека користи ботокс, велејќи дека секој што кажува дека нема ботокс – лаже.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





