Џеј Ло прослави 56-ти роденден со „тверкање“, по критиките за вулгарниот настап: „Како ѕвезда од филм за возрасни“ (фото)
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
На прославата за 56-тиот роденден, Џеј Ло ги почести гостите со провокативен танц, па и „тверкање“. Неколку денови претходно, таа настапуваше на фестивал во Италија и се соочи со критики за вулгарната кореографија и некои велат дека „новата“ Џеј Ло повеќе личи на ѕвезда од филмови за возрасни, отколку пејачка.

По разводот со Бен, настапите на Џеј Ло станаа многу попровокативни, но пејачката како да се надмина со концертот на музички фестивал во Италија.
Во понеделникот (21.07), Џеј Ло настапуваше на Lucca Summer Festival и не само што танцуваше провокативно, туку во еден миг и симулираше секс со танчарите.
Пејачката и ја изненади публиката со изјавата:
„Морам да бидам искрена со вас, некогаш имам различни расположенија навечер. Не знам за вас, но некогаш сакам да биде ’жешко‘“.
Кореографијата што следеше по изјавата, некои ја опишуваат како вулгарна, па и срамна за пејачката.
Други, пак, велат дека со ваквиот и сличните настапи од периодов, Џеј Ло самата си ја уништува репутацијата и повеќе делува како ѕвезда од филм за возрасни, отколку пејачка.
Наводно, новите песни на Џеј Ло што ги изведува периодов се инспирирани од врската и разводот со Бен, но голем дел од фановите ја критикуваат и истакнуваат дека не им се допаѓа оваа нова верзија на пејачката.
„Сега е ѕвезда од порно филм. Браво!“
„Одвратно е. Не можев ни да го догледам настапот“.
„Зошто симулира секс пози пред малолетна публика? Ја сакам Џеј Ло, но ова е погрешно“.
Денес, пак, 24-ти јули, Џеј Ло полни 56 години и се пофали дека почнала да слави уште вчера.
На неколку објави на Инстаграм Стори, Џеј Ло сподели видеа од прославата. Таа го одбележа денот и со издавањето на нејзината нова песна Birthday.
На забавата, Џеј Ло носи долг сребрен фустан со гол грб. Кога ѝ ја носат тортата на три ката, Џеј Ло почнува да танцува провокативно, па дури и клекнува до подот и „тверка“.
Ја пее и нејзината нова песна, а во еден миг, на една од камерите покажува и среден прст.
Спирова С. | Црнобело