Првата сопруга му зеде 70% од парите: Колкаво богатство остави Хулк Хоган и кој ќе го наследи?

Иако во разводот од првата сопруга изгуби дури 70% од парите, Хулк Хоган имаше неколку извори на приход, па зад себе остави богатство од околу 25 милиони долари.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi01.jpg

Во кариерата која траеше половина век, Хулк Хоган стекна импресивно богатство.

Хулк, кој почина на 71-годишна возраст, покрај заработката од професионалните борби, имаше и други извори на приход, па зад себе остави богатство до околу 25 милиони долари.

Како заработуваше познатиот борач, но и кој ќе го наследи неговото богатство?

Договори за боречки натпревари

Хулк се прослави преку американската продукциска компанија WWE и одовде потекнува најголем дел од неговото богатство.

На врвот на славата, од еден турнир тој заработуваше и до еден милиони долари, а во 1990-тите, заработката му беше околу 2,5 милиони долари годишно.

Со оваа сума, Хулк многупати беше прогласуван за најплатениот борач во светот.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-02.JPG

Заработка од стриминг платформи и промотивни производи (мерч)

Хулк Хоган заработуваше и од секоја негова борба која беше прикажана на телевизија и стриминг платформа.

На овој начин се проценува дека има заработено најмалку 10 милиони долари.

Бидејќи е славна личност, заработуваше и од промотивни производи, како маички, капи, марами и слично со неговото име или неговиот бренд.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-03.JPG

Филмска индустрија

Хулк стекна светска слава кога се појави во третото продолжение од филмот Rocky, а за ова доби околу 15.000 долари.

Потоа гостуваше и во помалку познати серии, за што добиваше и по два милиони долари од проект. Овде е и реалното шоу Hogan Knows Best кое му донесе околу 3 милиони долари за четири сезони.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-04.JPG

Тужба за неговата секс снимка

Пред околу една деценија, Хулк Хоган тужеше американски таблоид кој објави негова секс снимка.

Ја доби тужбата, а како оштета требаше да му се исплатат 140 милиони долари. Сепак, поради финансиските проблеми на таблоидот, сумата беше намалена на 31 милион.

Со одземање на даноци и дури правни трошоци, Хулк на крај доби околу 10 милиони долари.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-05.JPG

Скап развод

Во 2009 година, сопругата на Хулк Хоган поднесе барање за развод по дури 24 години брак.

Бидејќи тој се прослави додека беа заедно, сопругата на крај доби дури 70% од неговите пари, односно околу 7 милиони долари. Притоа, доби и 40% од акциите во неговите бизниси, но и уште една исплата од 3 милиони.

Иако разводот дефинитивно го „уназади“ на финансиски план, Хулк успеа да се врати на нозе.

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-6.JPG

Кој ќе ги наследи неговите пари?

Во 2023 година Хулк се венча со сопругата Скај Дејли, па се претставува дека таа ќе добие поголем дел од неговото богатство, односно околу 60%.

Борачот има само две деца, па веројатно остатокот од парите ќе оди кај нив.

Сепак, ова се само шпекулации и не е познато дали Хулк оставил тестамент.

Прочитајте и: Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почина од проблеми со срцето

prvata-sopruga-mu-zede-70-od-parite-kolkavo-bogatstvo-ostavi-hulk-hogan-i-koj-kje-go-nasledi-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
„Хулк Хоган е убиен, некој направил грешка и пробува да ја скрие“: Мистерија околу смртта на познати... Ќерката на Хулк Хоган вели дека бил контактирана од лекари и полицајци кои ѝ каж...
Проба да ја убие, ја изневеруваше, со месеци се криеше од неа: Како Шерон Озборн го „смири“ Ози (и з... Кога ќе дознаете што сè трпела Шерон Озборн од сопругот Ози, ќе ви биде нејасно ...
Адам Сендлер „ја срами“ сопругата на нејзина премиера – дојде со дречлив блузон и прави гримаси, јав... „Го разбирам кога промовира негови проекти, но кога ја поддржува сопругата, може...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава