Шерон Озборн скршена од болка, скриени симболи на облеката - Како семејството му оддаде почит на Ози на денот на погребот?
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Шерон имаше ланче со прстенот кој Ози го го носел во 2017 година, кога ги обновиле брачните завети и оттогаш не го симнувал од раката. Кои симболи ги избраа неговите деца?

Вчера во Бирмингем, во кругот на семејството и најблиските, се одржа погребот на „Принцот на темнината“, Ози Озборн.
Пејачот на Black Sabbath кој почина на 22 јули, беше испратен во вечноста од илјадници фанови, кои излегоа на улиците на неговиот роден град за да го поздрават последен пат.

Тие оставаа цвеќиња, палеа свеќи, стоеја мирно и го извикуваа неговото име, додека покрај нив поминуваше автомобилот со ковчегот на Ози.
На фановите им се приклучи и семејството на Ози, па и тие оставија цвеќе во чест на нивниот починат сопруг, односно татко.

Сопругата Шерон Озборн, скршена од болка, плачеше скоро цело време, а солзите не можеа да ги задржат ни децата Џек, Луис, Кели и Ејми, ќерката која скоро никогаш не се појавува во јавноста.
Сите тие на себе носеа по нешто од починатиот музичар, тајни симболи со кои му оддадоа почест.

Шерон околу вратот носеше ланче на кое беше закачен еден од прстените на Ози.
Станува збор за прстенот што тој го носел во 2017 година, кога со Шерон ги обновиле брачните завети и оттогаш не го симнувал од раката.

Таа постојано креваше и два прста во воздух - еден од најпрепознатливите потези на музичарот.
Ќерката Кели ги носеше неговите виолетови очила.

Синот Луис (од првиот брак на Ози) имаше виолетова вратоврска со костурски глави, во стилот на неговиот татко.

Синот Џек на вратоврската имаше сребрен крст, сличен на оној на татко му.

Ќерката, Ејми, пак, имаше брош во форма на лилјак.
