Бруклин и Никола Пелц ги обновија заветите – Бекамови дознале преку медиуми, очекуваат да си го промени и презимето
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Бруклин и Никола Пелц ги обновија заветите, а нејзиниот татко ја водеше церемонијата. Бекамови пак, не само што не беа поканети, туку дознале за настанот преку медиумите и за нив, ова бил најголемиот удар од Бруклин досега.

Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија заветите на 2-ри август, а првите фотки од свеченоста ги споделија вчера (11.08).
И, додека родителите на Никола имале мошне важни улоги во целиот настан, Дејвид и Викторија не само што не биле поканети, туку дознале за церемонијата преку медиумите.
На големиот ден, Никола ја носеше венчаницата на нејзината мајка, додека татко ѝ ја водеше церемонијата.
За Бекамови, фактот што не ни биле известени за настанот бил најголемиот удар од Бруклин досега:
„Тоа што Нелсон (татко ѝ на Никола) имаше толку важна улога на церемонијата му го скрши срцето на Дејвид. Ниту еден член од големото семејство на Бекамови не знаеше за настанот ниту, пак, некој беше поканет.
И неговите баба и дедо се тажни бидејќи Бруклин отсекогаш бил близок со нив“, вели извор за The Sun.
По ова, Бекамови веќе изгубиле надеж дека некогаш ќе го подобрат односот со Бруклин, па дури и стравувале дека ќе се откаже од нивното презиме.
„Ова е навистина сурово, веќе не е само игра. Бекамови сметаат дека го изгубиле нивниот сакан син и не гледаат надеж дека ќе им се врати. Реално, сега се прашуваат и дали воопшто сака да го носи нивното презиме Бекам или ќе почне да го користи презимето Пелц.
2-ри август (денот на церемонијата) беше денот кога Бруклин формално кажа дека веќе не е дел од семејството на Бекамови“.
Пред неколку денови, Бруклин зборуваше за обновувањето на заветите, но воопшто не ги спомна неговите родители.
Тој изјави дека денот бил мошне убав и дека со сопругата само сакале да создадат едно ново убаво сеќавање.
„Беше прекрасно. Искрено, би можел секој ден да ги обновувам заветите со Никола. Мислам дека најважното нешто за една личност е да најде некој со кој ќе го помине целиот живот.
Ова искуство ве оформува како личност“, сподели Бруклин за магазинот People.
За разлика од раскошната свадба од 2022 година, за обновувањето на заветите Бруклин и Никола организирале поинтимна церемонија, само со блиски пријатели и семејството на богатата наследничка.
Бруклин нема никаков контакт ни со неговите браќа, а според некои извори, Круз и Ромео биле толку гневни на него, што дури и го блокирале на социјалните мрежи.
