Има шизофренија, ѝ скршил заб на бившата што ја малтретирал: Кој е проблематичниот внук на Џек Николсон?
- Детали
- петок, 15 август 2025
Од петте внуци на Џек Николсон, периодов најпопуларен е Шон Норфлит – 29-годишен музички продуцент, кој има проблеми со зависност и шизофренија, бил насилен кон бившата и на последната средба ја удрил толку силно, што ѝ скршил заб и таа изгубила свест.

Џек Николсон има шест деца, од кои има добиено и пет внуци.
Додека повеќето од нив не се експонираат во јавност, најстариот внук на актерот – Шон Норфлит – периодов е во центарот на вниманието, поради неговото проблематично однесување.
29-годишниот Шон е син на една од ќерките на Џек, Џенифер Николсон, а неодамна беше обвинет за брутален напад.
Неговата поранешна девојка Елизабет Лолор поднела тужба за семејно насилство против Шон, во која наведува дека додека биле заедно, постојано ја тепал, како и дека за време на нивната последна средба, ја удрил толку силно што изгубила свест, а ѝ бил скршен и заб.
Шон со години имал проблеми со зависност од дрога и неодамна бил на рехабилитација.
Според тужбата на Елизабет, тој страдал и од шизофренија, а последен пат ја контактирал кон крајот на јуни годинава.
Шон и Елизабет ја почнале врската во 2023-та, но биле разделени. Сепак, тој ја побарал и ѝ рекол дека сака да се сретнат, но искористил уцена.
Имено, Шон ѝ се заканил дека ќе се предозира со лекови и ќе се самоубие доколку не дојде кај него.
Иако биле разделени веќе неколку месеци, Елизабет сепак отишла во неговиот дом во Калифорнија.
Елизабет истакнува дека во периодот кога биле заедно, му помагала да се откаже од дрогата и лековите, па кога видела во каква состојба е, ѝ станало јасно дека повотрно му се вратил на порокот.
Не знаејќи што друго да прави, Елизабет му го зела телефонот каде што нашла пораки што ги потврдуваат нејзините сомнежи и решила да ѝ каже на мајка му (ќерката на Џек Николсон).
„Ѝ ги испратив пораките на мајка му бидејќи ми рече дека е трезен. Јас не сакам да сум во негова близина кога е по дејство на дрога“.
И, тогаш ситуацијата ескалирала – Шон ја нападнал Елизабет и ја удрил толку сино, што таа изгубила свест. Кога се разбудила, сфатила дека едниот заб ѝ е скршен.