Бруклин ја „запросил“ Никола пред обновувањето на заветите, јавноста го исмеа: „Личи како гостин на својата свадба, го нема на фотките“

Блиските на Бекамови велат дека целата церемонија ја гледаат како обид Никола да се пофали со парите, односно богатството на нејзиниот татко милијардер.

bruklin-ja-zaprosil-nikola-pred-obnovuvanjeto-na-zavetite-se-soochija-so-kritiki-bekamovi-smetaat-deka-se-falat-so-pari-08_copy.JPG

„Ќе разбереа ако поминаа десет години од свадбата, па и пет. Но, по три години? Целиот настан изгледа само како бесрамно фалење со богатството.

Ако Бруклин сакал само да создаде нови слатки сеќавања како што вели самиот, зошто не им кажал на родителите?

Искрено, иако имало мигови кога ситуацијата била добра, тензијата почна уште во 2021-ва, шест месеци пред првата свадба“.

bruklin-ja-zaprosil-nikola-pred-obnovuvanjeto-na-zavetite-se-soochija-so-kritiki-bekamovi-smetaat-deka-se-falat-so-pari-11.JPG

Во коментари на објавите од обновувањето на заветите, покрај честитките, повотрно има и критики. Многумина го истакнуваат фактот дека на повеќето фотографии, Бруклин воопшто го нема.

„Бруклин е како гостин на неговата свадба“.

„Искрено, ако објавиш уште фотографии од тебе и мајка ти, луѓето ќе почнат да мислат дека забавата е за неа“.

„Кога ги гледам фотките, жалам за Бруклин. Сигурно ќе се покае за одлуките што ги носи денес“.

„Зошто речиси и да нема фотографии со Бруклин? Изгледа како Никола да си направила свое шоу“.

bruklin-ja-zaprosil-nikola-pred-obnovuvanjeto-na-zavetite-se-soochija-so-kritiki-bekamovi-smetaat-deka-se-falat-so-pari-02.JPG

Во меѓувреме, се дозна и дека Бруклин прекинал контакт со буквално сите пријатели од Англија и сега се дружел само со пријателите на Никола.

А, една од нејзините пријателки, го нападна семејството на Бруклин.

bruklin-ja-zaprosil-nikola-pred-obnovuvanjeto-na-zavetite-se-soochija-so-kritiki-bekamovi-smetaat-deka-se-falat-so-pari-08.JPG

Во коментар на објава на Никола и Бруклин од церемонијата, таа напиша:

„Луѓе кои со години оделе на психијатар за да се справат со последиците од токсичното семејство осудуваат некој кој собрал храброст да си замине од таа средина.

Сите им се поклонуваа на Бекамови, отсекогаш, а Никола беше првата која истапи со своите вредности бидејќи не ѝ се важни нивните пари и слава!

Во мигот кога веќе немаа контрола, тие (Бекамови) полудеа и почнаа да ја напаѓаат во медиумите за да направат да изгледа лошо. Јас ја знам Никола со години – искрена е, скромна и одбива да живее во лажен свет.

Па, ако не ја знаете вистинската приказна, немојте да кажувате ништо. И, Бруклин е возрасен маж кој може да се брани самиот. Ако си заминал (од семејството) тоа е бидејќи многу добро ја знае околината во којашто пораснал“.

bruklin-ja-zaprosil-nikola-pred-obnovuvanjeto-na-zavetite-se-soochija-so-kritiki-bekamovi-smetaat-deka-se-falat-so-pari-05.JPGНикола (во средина) со пријателката што ја брани (лево)

Засега ниту Бекамови, ниту Никола и Бруклин се немаат огласено за целата ситуација.

Па, што точно се случило што го натерало Бруклин да се откаже од семејството уште е мистерија.

Прочитајте повеќе: Бруклин и Никола Пелц ги обновија заветите – Бекамови дознале преку медиуми, очекуваат да си го промени и презимето

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Бруклин и сопругата пијат вино од 17.000 $, по гласините дека Никола Пелц добива џепарлак од 1 милио... Покрај она што го кажа Бруклин, некои извори велат дека конфликтот меѓу неговото...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Бекамови очајни да го подобрат односот со Бруклин: „Се надеваат на ’божиќно чудно‘, но веќе не ја са... „Минатата година сите беа заедно. Дејвид и Викторија сакаат да му покажат на Бру...
„Бекамови се плашат дека ќе остане без пари ако сопругата го остави“: Каков е строгиот предбрачен до... Таткото на Никола „тежи“ повеќе од една милијарда долари, но ова не значи дека и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg