Некогашниот модел Лони Вилсон 10 години живее на улица – со излитена облека и Rolex часовник, одбива помош и јаде од контејнери
- Детали
- понеделник, 18 август 2025
Поранешниот модел Лони Вилсон денес е бездомничка а последно беше фотографирана во Беверли Хилс со чуден детаљ – сребрен Rolex часовник. Лони е на улица веќе десет години, а се соочува и со зависност и проблеми со менталното здравје. Иако има луѓе кои сакаат да ѝ помогнат, таа не им дозволува.

Лони Вилсон, која беше меѓу најпознатите модели од САД и сопруга на ѕвездата од Baywatch Џереми Џексон, со години живее на улица.
Приватните проблеми, заедно со влошеното ментално здравје и зависноста од дрога ја направија Лони бездомничка и наводно таа одбива помош и од блиските.
Повремено Лони е забележана на улиците низ Лос Анџелес, а последно беше фотографирана во неделата (17.08) во Беверли Хилс.
Со малку излитена облека и две торби, можеби најчуден детаљ кај Лони беше часовникот на раката за кој се претпоставува дека е сребрен модел од луксузниот бренд Rolex.
Претходно, Лони беше забележана во јануари, односно на првиот ден од новата година.
Овој пат поранешниот модел пребаруваше во контејнер, од каде што извади елка што ја стави во нејзината количка.
42-годишната Лони одамна живее на улица, а има изјавено дека сите проблеми во животот ѝ биле предизвикани од поранешниот сопруг Џереми Џексон.
Лони беше модел кој позираше за некои од најпознатите фитнес магазини во САД, но по 2010-та, нејзиниот живот почна да се распаѓа.
Се разведе од сопругот, остана без работа, а поради проблемите со менталното здравје и користењето дрога, остана на улица.
Во ретко интервју од 2023 година, Лони зборуваше за предизвиците со коишто се соочила во животот.
На прашањето кога и зошто нејзиниот живот тргнал во лоша насока, таа одговори:
„Поради мојот поранешен сопруг. Откако се венчав. Барем успеав да се разведам. Тој ми го направи сето ова“.
Лони и Џереми се разведоа во 2014-та, по само две години брак, а потоа извесен период ѝ се изгуби секаква трага.