Некогашниот модел Лони Вилсон 10 години живее на улица – со излитена облека и Rolex часовник, одбива помош и јаде од контејнери
Дури во 2018 година, Лони беше забележана во јавност, како бездомничка.
Во тажното интервју, Лони изјави дека постојано чувствувала болка, особено во стомакот, а истакна и дека не можела да живее во затворен простор.
Претходно, во 2018-та, Лони даде интервју за Daily Mail, кракот откако се дозна дека е бездомничка.
Тогаш откри дека прво работела како асистент во салон за козметички процедури, но била отпуштена. Потоа нашла и друга работа во агенција за недвижности, но не ѝ давале плата, па си заминала.
Лони изјави и дека била измачувана со струја, па затоа не можела да живее на затворено, бидејќи ја чувствувала електричната енергија.
Сепак, во статијата на Daily Mail е истакнато дека ова веројатно е заблуда бидејќи било очигледно дека Лони е под дејство на дрога. Лони додала и дека единствено дрогата можела да ѝ помогне да се справи со ова.
„Изгубив две работни места и сè се сруши. Поминаа две години и оттогаш сум на улица“, вели Лони во интервјуто.
На прашањето како се снаоѓа во Лос Анџелес, Лони изјави:
„Лос Анџелес е богато место, луѓето фрлаат многу работи. Лесно е да се најде храна, а и луѓето ми даваат пари. Невозможно е некој да не се снајде на улиците на Лос Анџелес.
Но, постојано ме ограбуваат. На улица сте опкружени со луѓе кои ќе направат сè за да преживеат. Пробувам да бидам што е можно повалкана за никој да не ме нападне.
Колку повалкана сум, толку подобро. Си ја потстрижувам и косата, за да изгледам поразлично“.
Во интервјуто Лони изјави и дека би сакала да се тргне од улиците и да почне нов живот, но додава дека рехабилитацијата не функционирала за неа.
Што се однесува до поранешниот сопруг, тој наводно ја напаѓал Лони и во еден инцидент се здобила со две скршени ребра, повреда на вратот и гребаници на лицето и телото. Иако го пријавила, подоцна одлучила да ја повлече тужбата.
Џереми, пак, има изјавено дека се обидувал да допре до Лони, да ѝ помогне, но безуспешно.
„Кога ја изгубив, се чувствував како да починала некоја многу драга личност. Пробав да ја вратам назад, но не можев.
Жената што ја сакав веќе не постои и личноста што е денес не е онаа што ја знаев“, изјави тој кон крајот на минатата година.
Џереми додаде и дека му биле потребни две години да ја преболи, а пред ситуацијата да ескалира пробувал да ѝ помогне со психичките проблеми и зависноста, но безуспешно.
И доктор кој е експерт за зависности до дрога пробал да ѝ помогне на Лони – дури ѝ понуди скап третман во неговата клиника за рехабилитација.
Прво Лони прифатила, по што докторот ѝ обезбедил хотелска соба, но по првата вечер таа се премислила и избегала.
И луѓе кои претходно ја познавале Лони пробувале да допрат до неа и ѝ нуделе помош, но таа одбивала.
Спирова С. | Црнобело