Селена Гомез на ручек несредена, Хејли Бибер јаде колач во автомобил – Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Нови фотки од август 2025 кои се доказ дека и ѕвездите се обични луѓе... Алисија Силверстоун без шминка и со седа коса јаде сладолед, Џастин Бибер го шета кучето, Линдзи Лохан го однесе синчето во зоолошка, Меган Фахи со полна количка на пазар - што прават другите 11 ѕвезди?

Научени сме да ги гледаме светските ѕвезди во совршено издание на црвениот тепих, на концерти или на филмското платно.
Но, реалноста е, дека кога ќе се изгасат рефлекторите, и тие се само обични луѓе, кои прават обични и секојдневни работи.
Сакаат да одморат од пренатрупана шминка и стегната фризура, сакаат да го прошетаат сами кучето, да си дозволат слатко задоволство покрај сите диети...
Во продолжение погледнете фото-компилација од август 2025-та - што прават ѕвездите периодов:
Ким Кардашијан покажа како ѝ ја средуваат косата на фризер откако пак стана русокоса

Алисија Силверстоун се разладува со сладолед на стапче, без шминка, со седа и несредена коса

Линдзи Лохан со семејството позира пред жирафа во зоолошка во Сиднеј, Австралија

Били Ајлиш прави селфи додека преку инхалација ги прима своите лекарства

Марк Руфало гали кучиња додека е на снимање

Бела Хадид прави фотка додека е клекната до автомобилот

Криси Тајген се вози со ќеркичката Луна, уживајќи во летото пред да почне школската година

