Се венча со порно актер, беше зависна од хероин: Тажниот живот на првата актерка што ја глумеше Венздеј Адамс

Иако Џена Ортега и Кристина Ричи се одлични во улогата на Венздеј Адамс, актерката која прва го оживеа ликот е Лиса Лоринг. И покрај талентот и популарноста, Лиса не можела да најде работа во Холивуд, па почнала да работи како мејкап артистка за порнофилмови. И, овде се вљубила во еден од актерите…

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-01.jpg

Детството го поминавме гледајќи ги филмовите за семејството Адамс, а сега огромен хит се покажа и серијата Wednesday.

Приказната за морничавото семејство првпат се појави во форма на стрип, кој беше екранизиран во далечната 1964 година во форма на ТВ серија.

Сигурно ја помните Кристина Ричи во улогата на Венздеј, а факт е дека и Џена Ортега одлично се снаоѓа во серијата Wednesday, но најпрвата личност која го глумела ликот е актерката Лиса Лоринг.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-6.JPG

И, изведбата на Лиса не е ништо помалку од импресивна и токму таа имаше голем удел во прославувањето на целата франшиза.

Но, иако стекнала слава и признание уште во детството, нејзиниот живот го одбележале многу проблеми, вклучувајќи зависност од дрога, па и брак со порано актер.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-15.JPG

Детали од животот на Лиса Лоринг:

Родена во 1958 година на Маршалските Острови, Лиса почнала да работи како модел уште на тригодишна возраст.

Улогата во серијата The Addams Family, пак, ја добила на само петгодишна возраст. И, уште во првите епизоди, благодарение на Лиса, Венздеј станала омилениот лик.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-10.JPG

Иако била само дете во сурова индустрија, подоцна Лиса ќе изјави дека сите на сетот ја третирале мошне добро.

„Научив да помнам реплики пред да научам да читам. На сетот бевме како вистинско семејство – не можеа да изберат подобра екипа.

Керолин Џонс и Џон Астин – кои ги глумат Гомез и Мортиша – ми беа како родители“.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-13.JPG

Лиса брзо почнала да добива улоги и во други проекти, но по неколку години во индустријата, почнале проблемите во приватниот живот.

Во 1973-та, Лиса се венча со нејзиниот дечко, без разлика што имаше само 15 години. Веќе следната година добија и дете, но се разведоа по неколку месеци.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-02.JPG

По разводот, како тинејџерка со бебе, Лиса се надевала дека ќе добие помош од мајка ѝ. Но, нејзината мајка целиот живот имала проблеми со алкохолизам, за во 1974 година да почине од компликации поради нејзината зависност.

Поради приватните проблеми, Лиса не била во можност да работи дури да наполни 22 години. Но, иако се обидувала да се врати во индустријата, веќе станувало сè потешко да најде добра работа и да го повтори успехот од детството.

Се венча и вторпат, роди уште едно дете, но и овој брак заврши со развод.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-04.JPG

Кога сфатила дека не може да си ја оживи актерската кариера, Лиса почна да работи како мејкап артистка за порнофилмови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава